Членови на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром тврдат: Одиме во амбис, раководството живее под стаклено звоно


Поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Аеродром одлучиле да ја поддржат идејата и иницијативата за свикување на вонреден конгрес на партијата.

„Меѓу нас има членови на општинскиот комитет,  претседатели на месни комитети, како и обични активисти. Поддршката на идејата за свикување вонреден конгрес во ОК Аеродром е голема.Партијата  е во очајна состојба. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било послабо. Никогаш во историјата на партијата немало ваква разединетост, помеѓу членовите како и меѓу членовите и раководството. Ова се само дел од причините поради кои решивме јавно да проговориме и да се обидеме нашиот глас да стигне до раководството на партијата. Раководството е целосно дистанцирано од комитетите и членството, како да се затворени во стаклено звоно.

Сметаме дека одржувањето на вонреден конгрес е единствениот  начин да ја спасиме партијата која е тргната кон амбис. Доколку не се превземат брзи чекори за крупни реформи и преиспитување на правецот во кој се движи партијата сметаме дека постои реална опасност партијата да западне во уште потешка криза.Се надеваме дека оваа наша порака ќе стигне до претседателот на партијата и ке ја прифати идејата за оддржување вонреден конгрес“, стои во соопштението птпишано од Јоаким Димулков,
член на ВМРО-ДМПНЕ од Аеродром.