Косовското Собрание немоќно пред Специјалниот суд

– Политиката не смее да се меша во правосудството, нити тоа треба да се меша во политиката. Верував во тоа подржувајќи ја воспоставената пракса на меѓународните судови и посебни комисии во последните 20 години. Тоа и понатаму е  мое уверување дури и сега кога од собранието на Косово барам мандат Специјалните институции и Канцеларијата на специјалното обвинителство да трае до престанување на мандатот за кое одлучува Советот на ЕУ во консултација со владата на Косово, изјави Тачи.

Но од Хашкиот трибунал велат дека целата ситуација е абсурдна, бидејки  мандатот автоматски се обновува, а косовското Собрание нема никаква улога во тоа. Со закон е предвидено и усвоено во косовското Собрание мандатот на Специјализираниот суд за Косово да трае се додека Советот на ЕУ не ја извести косовската Влада дека сите постапки и истраги се завршени. Така што формално не постои потреба за продолжување на мандато.