Дипломат од МНР ја изневерувал сопругата, таа го нападнала со нож


Семејна драма, која завршила со насилство и напад со ладно оружје, се одржала во домот на Игор П. кандидат за амбасадор на Македонија во Брисел, вечерта на 20 август, дознава Вечер.мк .

Откако дипломатот на сопругата и соопштил дека ја изневерува и е во врска со друга жена, таа најпрво се онесвестила, а кога се завртел да побара помош таа го прободела со нож во грбот, а потоа и на раката. Откако успеал да ја совлада била повикана брза помош при што на Игор му биле констатирани тешки телесни повреди. Случајот бил пријавен во полиција, а Игор.П поднел кривична пријава за семејно насилство.

МВР случајот го потврди во дневниот билтен на 21 август. 

– На 20.8.2020 околу 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Питу Гули“, по семејна расправија, Б.П. со остар предмет го повредила И.П.. Според пријавеното, претходно И.П. физички ја нападнал Б.П., по што таа му нанела убодна рана. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во извештајот на МВР.