Пахор: Кога блокирате договори, станува потешко да најдете компромиси


Претседателот на Словенија, Борут Пахор,  порача денес дека Скопје и Софија треба да најдат заедничко решение за меѓусебниот проблем на начин што нема да биде доведено во прашање одржувањето на меѓувладината конференција со ЕУ. „Ја разбираме комплексноста на прашањата меѓу две соседни држави. Ги разбирам и одговорностите и посветеноста која двете земји ја имате кон …

Пахор: Кога блокирате договори, станува потешко да најдете компромиси Read More »

(Видео) Политичарите нема да избираат јавен обвинител


Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски објави денес дека Македонија напредувала еден чекор погоре во рангирањето на европското антикорупциско тело ГРЕКО и дека не е веќе во групата на глобално незадоволителни држави од аспект на тоа како се справуваат со корупцијата. Од сите 19 досегашни препораки за Македонија, ГРЕКО, според Николовски, констатирало дека немаме …

(Видео) Политичарите нема да избираат јавен обвинител Read More »

Обвинителите од СЈО кандидати за тимот на Рускоска


Речиси сите обвинители од поранешното Специјално јавно обвинителство конкурирале за петте работни места во Обвинителството за организиран криминал кое што го предводи Вилма Русковска. Вкупно стигнале 15 кандидатури од СЈО, а меѓу нив не се само обвинителите Ленче Ристоска и Стево Доневски. Екс-кадарот на СЈО, официјално, нема да има предност при изборот кој се очекува …

Обвинителите од СЈО кандидати за тимот на Рускоска Read More »

Уапсени четворица од дрвокрадците кои претепаа полицајци


Двајца од петмината полицијаци кои синоќа беа нападнати кај велешкото село Степанци се тешко повредни, додека останатите тројца се со полесни повреди. Еден од потешко повредените доцна вечерта бил пренесен од болницата во Велес на скопските клиники и тој според информациите до доцна во ноќта се бореше за својот живот. Се дознава дека тешко повредениот …

Уапсени четворица од дрвокрадците кои претепаа полицајци Read More »

Лавров: „Северен поток 2“ стана прашање на честа за Германија


Изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ стана прашање на честа за Германија, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. -Мислам дека за нас дојде време да се смириме за ова прашање. Секојдневно гледаме како САД се обидуваат јавно да ги понижат ЕУ и Германија и како бараат Германија да го напушти „Северен поток 2“ и …

Лавров: „Северен поток 2“ стана прашање на честа за Германија Read More »

Африканските земји бараат помош во ОН за да ја преживеат пандемијата


 Африканските држави, на третиот ден од 75-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации, побараа финансиска помош што ќе им помогне на економиите да ја преживеат пандемијата на коронавирус. Африканските земји проценуваат дека им требаат 100 милијарди долари поддршка годишно во текот на следните три години. На државите им треба и отпишување на долговите за …

Африканските земји бараат помош во ОН за да ја преживеат пандемијата Read More »

Продолжуваат масовните апсења во Белорусија


Повеќе од 360 лица беа уапсени во Белорусија за време на протестите поради инаугурацијата на претседателот Александар Лукашенко, што се одржа без претходно известување. Илјадници Белоруси излегоа на улиците на главниот град Минск и другите градови низ целата земја синоќа, кои полицијата ги растера со помош на палки и водени топови, а во кои десетици …

Продолжуваат масовните апсења во Белорусија Read More »

Мицотакис: Изборот е самозаштита или карантин


Дилемата самозаштита или карантин ја постави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата нова телевизиска порака до граѓаните во која говореше за ситуацијата со коронавиусот во Грција, за потребата да се почитуват мерките, ставајќи го акцентот на употребата на маска, за индивидуалната одговорност, а секако, не соопшти дополнителни рестриктивни мерки, јави дописничката на МИА од Атина. …

Мицотакис: Изборот е самозаштита или карантин Read More »

Речиси 500 експерти за национална безбедност дадоа поддршка за Бајден


 Речиси 500 американски експерти за национална безбедност го поддржаа Џо Бајден за претседател на САД, со став декa „актуелниот претседател не е дораснат за „огромните одговорности на својата функција“.  Во писмо до јавноста потпишано од 489 американски експерти за безбедност и со образложение за поддршката, на ниту едно место не се споменува името на претседателот …

Речиси 500 експерти за национална безбедност дадоа поддршка за Бајден Read More »

Ќе ја даде ли Трамп власта ако изгуби на изборите?


Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот на САД, Мич Меконел, вети мирен трансфер на власта по претседателските избори, бидејќи претседателот Доналд Трамп одби да одговори во случај демократот Џо Бајден да го победи на 3 ноември. „Победникот на изборите на 3 ноември ќе биде инаугуриран на 20 јануари“, напиша Мич Меконел на Твитер. „Ќе се …

Ќе ја даде ли Трамп власта ако изгуби на изборите? Read More »

Рангелова: Ја докажав правдата, сега можам да се пресметам со тие што ме обвинуваа


Да не бев во овој обвинителен акт ќе можев многу послободно да делувам во изминатиот период, бидејќи бев обвинувана дека ќе се пазарам. Сега си ја докажав правдата и  можам слободно да се пресметам со тие што ме обвинуваа, изјави Даниела Рангелова, откако Обвинителството го повлече обвинението против за насилствата пред Општина Центар. Прашана дали …

Рангелова: Ја докажав правдата, сега можам да се пресметам со тие што ме обвинуваа Read More »

Наташа Сарџоска доби награда за поетско творештво на италијански јазик


Поетесата Наташа Сарџоска ја доби специјалната награда за поезија „Дон Луиџи де Лиегро“ за посебни заслуги за поетско творештво на италијански јазик во Рим овој месец. Жири комисијата предводена од книжевните критичари, теоретичари и поети Мануел Коен, Ренато Фјорито, Лука Бенаси, Ана Марија Курчи, Фламинија Кручани, Рафаела Фацио и Микела Ѕанарела, покрај песните на десетина …

Наташа Сарџоска доби награда за поетско творештво на италијански јазик Read More »

Владата размислува со закон да ги исфрли воените лица од партиите


Прашана за коментар за изборот на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, министерката Радмила Шекеринска оцени денес  дека тоа не е добро ниту за државата, ниту за Армијата. – Замислете ситуација имаме ние началник, заменик началник и директор на ГШ. Замислете едниот да отиде во СДСМ, другиот во ВМРО, …

Владата размислува со закон да ги исфрли воените лица од партиите Read More »

Процедурите го одолжиле именувањето воен преставник во НАТО


Се уште не се завршени сите процедури и затоа не е поставен воен преставник во мисијата на Македонија во НАТО, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање. Процедурите за поставување, рече таа, се долги не само од наша страна, туку и од страна на НАТО.  На ова, според неа, се должи доцнењето …

Процедурите го одолжиле именувањето воен преставник во НАТО Read More »

Николовски: И советниците на функционерите ќе пријавуваат имотна состојба


Заменик-претседателот на Владата Љупчо Николовски изјави денес дека непотизам и корупција при вработувањата во јавниот сектор имало секогаш и тоа не може лесно да се искорени, но, Владата е цврсто решена да ги употреби сите механизми за спречување на оваа појава во иднина. „Не можеме да очекуваме напредок и резултати од работата на јавниот сектор …

Николовски: И советниците на функционерите ќе пријавуваат имотна состојба Read More »

Преспа Институт: Расте политичкото присуство на Бугарија во Македонија


Институтот Преспа објави истражување за меѓународното присуство во Македонија лани  и споредено со 2009 и 2010 година, што е прво од овој тип и го покажува влијанието на нашата надворешна политика и местото на нашата држава во геополитиката. Истражувањето го  оценува економското, политичкото и т.н. меко присуство, мерено врз основа на нивото на дипломатските односи, …

Преспа Институт: Расте политичкото присуство на Бугарија во Македонија Read More »

Прво апсење на обвинет од Меѓународниот суд за Косово


Канцеларијата на Специјалниот обвинител при Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово потрвди дека денеска е упасен поранешниот шеф на разузнавање на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и некогашен офицер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Салих Мустафа, што е прво апсење на лице за кое е покренато обвинение пред Судот во Хаг. Според соопштението …

Прво апсење на обвинет од Меѓународниот суд за Косово Read More »

Николоски: Заев ме тужи, а не дојде на суд


Денес најмоќниот човек во државата, премиерот  Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, додавајќи дека во демократскиот свет не е видено премиер да тужи за клевета потпретседател на најголемата опозициска партија. Причина е негова изјава дадена на крајот на август 2019 година кога изјави дека има сознанија дека е  рекетиран …

Николоски: Заев ме тужи, а не дојде на суд Read More »

Рангелова ослободена од обвинението за „Насилство во Општина Центар”


Обвинителството се откажува од гонење на Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски, изјави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судење за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година. За обвинетата Рангелова, појасни Фетаи, во текот на главната расправа произлезе дека од нејзините дејствија не произлегува делото за кое се товари. – Од изнесените докази …

Рангелова ослободена од обвинението за „Насилство во Општина Центар” Read More »

Тачи го најми Вилијам Вокер за свој консултант


Претседателот Хашим Тачи го ангажираше контроверзниот Вилијам Вокер, американски дипломат ветеран кој беше шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово за време на војната, со договор вреден 35.000 евра. Петмесечниот договор за консултантски услуги помеѓу претседателот на Косово и Фондацијата Вокер почнал во август 2020 година и вреди 7.000 евра месечно, сметка што ја плаќаат …

Тачи го најми Вилијам Вокер за свој консултант Read More »