Тачи го најми Вилијам Вокер за свој консултант


Претседателот Хашим Тачи го ангажираше контроверзниот Вилијам Вокер, американски дипломат ветеран кој беше шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово за време на војната, со договор вреден 35.000 евра.

Петмесечниот договор за консултантски услуги помеѓу претседателот на Косово и Фондацијата Вокер почнал во август 2020 година и вреди 7.000 евра месечно, сметка што ја плаќаат даночните обврзници на Косово.Фондацијата официјално има за задача да обезбеди експертиза за меѓународниот имиџ на Косово, за нејзините дипломатски напори и нејзината евроатланска интеграција, но договорот се совпадна со обвинението од Специјалниот суд на Косово во Хаг за  активностите на ОВК  за време на војната.

Во договорот се вели дека „давателот на услуги ќе обезбеди напредна експертиза за  прашања што вклучуваат, но не се ограничени на следново: внатрешна и надворешна застапеност на Косово, проширување и зајакнување на односите на Косово со другите држави, зајакнување на демократското функционирање на институциите на Република Косово и унапредување на економските иницијативи и интеграција на Косово во евро-атлантските структури “. Договорот треба да истече во декември 2020 година, со можност да се продолжи за уште шест месеци.

За време на договорот и по истекот на истиот, Вокер  не смее да открива доверливи информации во врска со работните должности, предметот на овој договор или активностите на кабинетот на претседателот на Косово, без писмено одобрување од кабинетот на претседателот , стои во договорот.

Вокер во 2010 година го обвини Тачи за профит од корупција за време на неговиот мандат како премиер и јавно ја поддржа опозициската партија „Самоопределување“. Во интервју за РТВ Дукаѓини во 2017 година Вокер рече дека Тачи „е убав човек, но јас не му се восхитувам – единственото нешто што знае да направи е да ги одржи среќни меѓународните фактори“.За време на војната сепак Вокер одигра клучна улога во обезбедувањето на меѓународна пиоддршка за ОВК и за воената интервенција врз Србија објавувајќи дека има гробница за масовни убиства во Рачак.Вокер често го посетува Косово во јануари за да го одбележи масакрот  Рачак.

По комеморацијата оваа година, тој се сретна со Тачи и јавно му се заблагодари и се ракуваше на претседателот, додека Тачи изјави дека критиките на Вокер секогаш биле  добронамерни.

„Секако, амбасадорот Вокер беше критичар на нас кои сме во политика, но неговите критики секогаш беа добредојдени, бидејќи тоа нè подобруваше, дури и мене лично“, рече Тачи.

„Затоа, дури и кога нè критикуваше, ние го сакавме, го почитувавме ија ценевме неговата работа и посветеност за народот и државата Косово“, додаде тој.

Со оглед на околностите подобро е Вокер да биде негов платен консултант отколку незгоден сведок бидејќи има премногу информации од периодот за кој најверојатно ќе му се суди на Тачи.