Мицотакис: Изборот е самозаштита или карантин


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на прес-конференција на островот Санторини

Дилемата самозаштита или карантин ја постави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата нова телевизиска порака до граѓаните во која говореше за ситуацијата со коронавиусот во Грција, за потребата да се почитуват мерките, ставајќи го акцентот на употребата на маска, за индивидуалната одговорност, а секако, не соопшти дополнителни рестриктивни мерки, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ќе кажам отворено. Дилемата е самозаштита или карантин. И знаејќи ги последиците од вторто, должни сме да го избереме првото. Без многу зборови, но со малку постапки, проверени и ефективни: дистанца, лична хигиена, а особено маска, додека да се најде лек и вакцина. Секако, би се осмелил да кажам дека маската е вакцина, додека да дојде вакцината, порача Мицотакис.

Објасни дека во справувањето со новиот бран на пандемијата „треба држвата, научниците и граѓаните уште потесно да соработуваат со поголема меѓусебна доверба“, додаде дека земјата, сега е повеќе подготвена од претходно, бидејќи познато е кои мерки носат резултат, но истакна дека дури и најефективната мерка „зависи од доследото спроведување“.

-Или повторно заедно ќе успееме или заедно ќе ја загубиме шансата, истана грчкиот премиер.

Додаде дека следните седмици ќе бидат одлучни за следните месеци, а можеби и години.

-Поминавме седум тешки месеци. Владата, потсетувам дека иствремено се бори на многу фронтови: националните прашања, мигрантското прашање, економијата, но и природните катастрофи. Но, особено во војната за здравјето, како никаде на друго место, свесниот граѓанин ни е потребен за сојузник, рече грчкиот премиер.

Во речиси десет минутната порака до граѓаните, Мицотакис говореше и за здравствениот систем, истакна дека е зголемен бројот на кревети на Одделите за интензивна нега, од 557 на речиси 1.000, вработени се околу 6.200 нови болничари и лекари, зголемен е дневниот број на тестови и сл.

Во Грција денеска се регистрирани 342 нови случаи на Ковид-19, а починаа девет лица.

Од почетокот на епидемијата заразени се 16.627, а починаа 366 лица.