Почина затвореник во КПУ „Затвор Скопје“


Почина затвореник во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“. Кај починатото лице не се констатирани траги на насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Во Полициската станица Чаир вчера околу 13:00 часот е пријавено дека во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ починало осуденото лице В.Д. (51) од Скопје. Од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на …

Почина затвореник во КПУ „Затвор Скопје“ Read More »

И Бундестагот и парламентите на германските сојузни покраини ќе штедат енергија


Германскиот сојузен Парламент и парламентите на сојузните покраини во согласност со мерките за штедење ги намалија температурите на ладење и греење. Одборот за општи работи на Бундестагот на крајот на неделата одлучи сите простории на сојузниот Парламент во текот на летото да се ладат од 26 до 28 степени, а не како досега 24 степени Целзиусови. Исто така е …

И Бундестагот и парламентите на германските сојузни покраини ќе штедат енергија Read More »

Издишана топка за одбојка го спасила Иван, вели градоначалничката на општина Касандра


Топка, не многу голема, веројатно од оние за одбојка или ракомет на плажа, залутана во длабочината на морето, малку издишана, но според градоначалничката на општина Касандра Анастасиа Халкиа, доволна да спаси човечки живот, животот на 30-годишниот Иван, кој по 19 часа сега е веќе на копно и во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА …

Издишана топка за одбојка го спасила Иван, вели градоначалничката на општина Касандра Read More »

Блинкен: Руската блокада на украинското жито можеби придонесе и за немирите во Шри Ланка


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека руската рестрикција на украинското жито можеби придонела за немирите во Шри Ланка, а најверојатно ќе покрене и други кризи. – Гледаме како влијанието на руската агресија се рефлектира насекаде. Тоа можеби придонесе за ситуацијата во Шри Ланка. Загрижени сме поради нејзиното влијание врз целиот свет, истакна Блинкен на …

Блинкен: Руската блокада на украинското жито можеби придонесе и за немирите во Шри Ланка Read More »

(Видео) Мини торнадо на Охридско Езеро преврте чамец


Tуристи кои летуваат во Охрид снимија невообичаена појава за Охридското Езеро, која наликува на вистинско мини-торнадо. Снимката е направена на потегот меѓу Лагадин и Пештани и споделена на социјалните мрежи. На неа се гледа како ветерот формирал торнадо на површината на езерото и превртел чамец.  

Девет ториевци во трката за наследник на Џонсон


Девет конзервативци засега се во трката за наследник на Борис Џонсон на функцијата британски премиер. Во трката најверојатно ќе доминира темата за даноците поради високата инфлација, зголемувањето на животните трошоци, стагнирањето на раст и релативно високите даночни стапки. Поранешните министри за здравство Џереми Хант и Саџид Џавид ветија дека ќе го намалат данокот на добивка откако и …

Девет ториевци во трката за наследник на Џонсон Read More »

Албанскиот политиколог Ѓета го критикува францускиот предлог: Клин во процесот на проширување на ЕУ во Западен Балкан


Клин во процесот на проширување. Вака познатиот албански политиколог Алтин Ѓета го гледа францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. -Целта на Бугарија е да го направи пакетот дел од преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија. Би било проблематично, за првпат билатерален проблем меѓу две држави да се вклучи во …

Албанскиот политиколог Ѓета го критикува францускиот предлог: Клин во процесот на проширување на ЕУ во Западен Балкан Read More »

Онлајн средба на шефицата на ММФ со Ковачевски, Ангеловска-Бежоска и Бесими за новиот ПЛЛ аранжман


И покрај тоа што глобалното економско окружување носи крупни предизвици, носителите на економските политики преземаат силни мерки и политики, беше заклучено од страна на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, на онлајн средбата со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими. Нејзиното видување за соодветните економски …

Онлајн средба на шефицата на ММФ со Ковачевски, Ангеловска-Бежоска и Бесими за новиот ПЛЛ аранжман Read More »

(Видео) Спасен по 18 часа во морето – 30 годишниот Иван пренесен на копно


Со насмевка на лицето, смирен, опуштен и во добро расположение, 30-годишниот македонски државјанин по поминати над 17-18 часа во морето, стапна на копно и со возило на брза помош беше пренесен во болница, откако спасувачките екипи го пронајдоа во морскиот дел југозападно од Касандра на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина. Веројатно е дека …

(Видео) Спасен по 18 часа во морето – 30 годишниот Иван пренесен на копно Read More »

За четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до три хектари пристигнале 691 апликација


Пристигнати се вкупно 691 апликација на четирите јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште до три хектари кои ги распиша Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Вкупната површина која со овие четири јавни огласи беше ставена на располагање е 4.294 хектари распределени во 31 регион низ државата. Како што информираат од МЗШВ, …

За четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до три хектари пристигнале 691 апликација Read More »

Србија со помалку од 7 милиони жители, бројот на починати се зголемува во однос на родените


Српското Министерството за семејна грижа и демографија денеска оцени дека Србија се соочува со „исклучително тешка демографска слика“ и факт дека бројот на жители паднал под седум милиони. „Бројот на починати се зголемува во однос на родените, а само минатата година нашата држава загуби над 74.000 жители, што е град со големина на Зрењанин“, соопшти …

Србија со помалку од 7 милиони жители, бројот на починати се зголемува во однос на родените Read More »

МНР: Конзулатот на Северна Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на нашите државјани


По добиените информации за несреќата во Посиди, Грција, од вчера нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи, односно со крајбрежната служба за спасување. -Според досегашните информации, вчера околу 15:00 часот тројца наши државјани кои влегле во морето, поради лошото невреме се нашле во беспомошна ситуација да се оддалечуваат од …

МНР: Конзулатот на Северна Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на нашите државјани Read More »

Се враќа летото, следните денови претежно сончево и потопло


Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во постепен пораст, најавуваат од Управата за хидро-метеоролошки работи. Денеска времето е сончево со мала до умерена облачност и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од …

Се враќа летото, следните денови претежно сончево и потопло Read More »

Во акцијата „Безбедно лето 2022“ полицијата во Прилеп пронајде дрога, а регистрирано е и точење алкохол на малолетници


Двајца млади прилепчани се приведени, бидејќи кај нив полицијата пронајде марихуана, а 19 малолетници затоа што се затекнати во угостителски објект по полноќ. Кај петмина од нив е констатирано присуство на алкохол. Приведени се прилепчаните со иницијали А.Ч (26) и И.Д.(29) кај кои е пронајдена марихуаната. Ова е дел од ноќешната полициска акција, спроведена од …

Во акцијата „Безбедно лето 2022“ полицијата во Прилеп пронајде дрога, а регистрирано е и точење алкохол на малолетници Read More »

Пендаровски за „Етнос.гр“: Мали се шансите некој политички субјект да има двотретинско мнозинство за уставните промени


Имајќи ја предвид нашата длабока политичка поларизација, мали се шансите некој политички субјект да може да собере две – третини од парламентарното мнозинство за да ги поддржи промените на Уставот за вклучување на Бугарите, вели претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во интервјуто за „Етнос.гр“, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за информативниот …

Пендаровски за „Етнос.гр“: Мали се шансите некој политички субјект да има двотретинско мнозинство за уставните промени Read More »

Борел и Вархеји: Војната во Украина буди живи спомени, сеќавањето на геноцидот во Сребреница е должност


Претставниците на ЕУ, Жосеп Борел и Оливер Вархеји, по повод 27-годишнината од геноцидот во Сребреница објавија дека масовните убиства и воените злосторства во Украина „поттикнуваат живи спомени“ на оние од војните на Западен Балкан во 1990-тите и дека сеќавањето геноцидот во Сребреница, како дел од заедничката европска историја, е повеќе од должност. „Европа не заборави …

Борел и Вархеји: Војната во Украина буди живи спомени, сеќавањето на геноцидот во Сребреница е должност Read More »

Руските власти објавија дека го ограничиле пристапот до веб-страницата на германски Велт


По барање на Генералното обвинителство на Руската Федерација, државната агенција Роскомнадзор го ограничи пристапот до веб-страницата на германската компанија „Велт“. Пристапот до веб-страницата www.welt.de во Русија е ограничен според регулативата за блокирање сајтови што содржат повици за масовни немири, екстремизам и учество во нелегални масовни настани. Роскомнадзор го ограничува пристапот до таквите информации врз основа на барање …

Руските власти објавија дека го ограничиле пристапот до веб-страницата на германски Велт Read More »

Пронајден жив еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, продолжува потрагата по вториот


Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција. Според истите информации на МИА, станува збор за 30- годишен државјани на Северна Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен …

Пронајден жив еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, продолжува потрагата по вториот Read More »

САД ќе паднат во рецесија – но не мораа, вели поранешниот главен економист на ММФ


„Речиси е невозможно ФЕД да ја намали инфлацијата без да ја турне американската економија во рецесија“, вели поранешниот главен економист на ММФ, Кен Рогоф. „ФЕД ќе треба да има многу среќа“, изјави Рогоф за CNN Business. „Тие треба да одлучат, или брзо ќе ја намалат инфлацијата или ќе не турнат во рецесија“, додаде тој. „Мислам …

САД ќе паднат во рецесија – но не мораа, вели поранешниот главен економист на ММФ Read More »

Расчистени два случаи на поттикнување омраза и насилство преку интернет


Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР целосно расчисти два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.   Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица …

Расчистени два случаи на поттикнување омраза и насилство преку интернет Read More »