Пронајден жив еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, продолжува потрагата по вториот

По над 17 часа од исчезнувањето, 30- годишен државјани на Северна Македонија е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра


Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција.

Според истите информации на МИА, станува збор за 30- годишен државјани на Северна Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра.

Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на вториот исчезнат. 

Претходно, медиумите јавија дека потрагата се води под лоши временски услови со силен ветер со јачина од шест бофори (над 40 километри на час). Во акцијата учествуваат бродови на крајбрежната служба, чамци и бродови што се во близина и хеликоптер.

Спасувачката акција започна вчера околу 19 часот по локално време, откако тројцата пријатели, на плажата Мити во Посиди, влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите, поради лошото време, а еден од нив беше спасен.

Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина вчера потврдија дека спасениот е од Северна Македонија и станува збор за 25-годишно момче, кое е во добра здравствена состојба.

 

На истата тема: 

Се бараат во море и од воздух: Продолжува потрагата на Халкидики по двајцата исчезнати – Независен Весник (nezavisen.mk)

Спасувачка акција во Грција по Македонци кои исчезнале во морето – Независен Весник (nezavisen.mk)