Спасувачка акција во Грција по Македонци кои исчезнале во морето


Спасувачка акција е во тек на Халкидики, Грција каде што се трага по двајца македонски државјани, пренесува грчката телевизија „Скај“.

Инцидентот се случил во областа Посеиди, каде што според првичните информации, биле исчезнати тројца, но едниот веќе бил најден, додека по останатите двајца се трага. Бродовите од пристаништето на Неа Скиони се упатуваат кон морето.

„Еден од нив беше пронајден и донесен со брод. Тој е во добра здравствена состојба. Ги бараме другите две лица. Тие пливаа а потоа се изгубија. Тука брановите се непредвидливи, има доста струи и веројатно ќе треба време да ги најдеме. Се надеваме дека струјата не ги повлекла многу далеку“, рече Темелис Иерисиотис, претседател на крајбрежната стража.

Неофицијално, славеле роденден на плажа, по што одеднаш биле однесени од струите на морето. За нивното лоцирање се користат три брода на крајбрежната стража и разни бродови кои пловат во таа област, а исто така во потрагата се користат и хеликоптери.