АЕК ги додели одобренијата за 5Г мрежата


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска на „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ им ги додели одобренија за петтата мобилна генерација 5Г, со што станавме прва држава во Западен Балкан што воведува вистинска 5Г мрежа. Во моментов, како што изјави директорот на АЕК, Јетон Аќику, „Македонски Телеком“ веќе ја има покриено територијата на 16 града со …

АЕК ги додели одобренијата за 5Г мрежата Read More »

Тркалезна маса: Неопходни се посеопфатни статистички податоци за е-трговијата


Можностите и начините за подобрување на методологијата и квалитетот на податоците за е-трговијата, како и приближувањето на македонското законодавство со законодавството на ЕУ и следење на трговијата во земјава во рамките на Спогодбата на ЦЕФТА, беа тема на дискусија на денешната тркалезна маса во Скопје, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) во …

Тркалезна маса: Неопходни се посеопфатни статистички податоци за е-трговијата Read More »

Истражување: Колкава е поддршката за „Отворен Балкан“ во регионот


Иницијативата „Отворен Балкан“ има најголема поддршка во Србија, потоа во Босна и Херцеговина и во Северна Македонија. Иницијативата ужива најмала поддршка во Косово, покажува истражувањето на ИРИ (Меѓународен републикански институт) во периодот јануари-февруари годинава, врз основа на примерок од 7.012 лица во пет земји, пренесува Индикатор. Во Србија, 33 отсто од испитаниците се изјасниле дека …

Истражување: Колкава е поддршката за „Отворен Балкан“ во регионот Read More »

Комората ги промовираше сертификатите „македонски екстра квалитет“ и „традиционален македонски квалитет“


Стопанската комора денеска ги презентираше сертификатните марки „македонски екстра квалитет“ и „традиционален македонски квалитет“, кои се воспоставуваат по барање на нејзините членки. Сертификатните марки, како што беше речено на прес-конференција, ќе имаат големо влијание и придонес врз прмоцијата и додадената вредност на македонските производи и услуги на странските, но и на домашните пазари. Носител на …

Комората ги промовираше сертификатите „македонски екстра квалитет“ и „традиционален македонски квалитет“ Read More »

Политика на „нулта ковид“: Голем број кинески градови воведуваат нови мерки


Голем број кинески градови воведуваат нови мерки против коронавирусот, од затворање на деловни активности до заклучување, за да се спречат нови инфекции, додека комерцијалниот центар Шангај се подготвува за уште една кампања за масовно тестирање откако регистрираше подваријанта на омикрон. Со оглед на тоа што Кина се држи до својата политика на „нулта ковид“ за брзо сузбивање …

Политика на „нулта ковид“: Голем број кинески градови воведуваат нови мерки Read More »

„Макстил“ обезбеди приватно здравствено осигурување за сите вработени, ги зголеми платите и исплати регрес за годишен одмор


Во функција на континуирана поддршка на клучниот фактор во развојот на компанијата, Одборот на директори на „Макстил“ донесе одлука за зголемување на платите на сите вработени како и дополнителни бенефиции, соопштија од компанијата. Ваквата одлука „Макстил“ ја донесе со цел да делува во насока на подобрување на животниот стандард на вработените во услови кога трошоците …

„Макстил“ обезбеди приватно здравствено осигурување за сите вработени, ги зголеми платите и исплати регрес за годишен одмор Read More »

Маск се подбива со најавената тужба: Сега сакаат да ме натераат да го купам „Твитер“


Милијардерот Илон Маск во неделата доцна навечер објави фотографии од неговата реакција на најавата на менаџментот на „Твитер“ дека ќе го тужат и ќе го принудат да го заврши преземањето на компанијата за 44 милијарди долари. Воздржувајќи се од какви било зборови, шефот на „Тесла“ и „Спејс Икс“ објави на „Твитер“ мем на кој се …

Маск се подбива со најавената тужба: Сега сакаат да ме натераат да го купам „Твитер“ Read More »

Бесими: Ребалансот и антикризните мерки ќе ги следат економските движења


Имплементација на антикризните мерки ќе ги следи економските движења, при што се очекува најголем дел од нив да бидат активни четвртиот квартал од годината. Ќе има мерки и за граѓаните, и за фирмите, и за поддршка за стабилизирање на цената на храната. Истовремено, преку прудентната политика ќе се задржи фискален простор, како и клучно, ќе …

Бесими: Ребалансот и антикризните мерки ќе ги следат економските движења Read More »

Бајден се откажува од санкциите против руската нафта – еве за што станува збор


  Главните соработници на американскиот претседател Џо Бајден се загрижени дека економијата може да биде погодена од сериозен шок на крајот на годината што може да ја доведе земјата во изнемоштувачка рецесија. Затоа САД планираат да воведат ограничување на максималната цена на руската нафта наместо забрана. Претставниците на Белата куќа стравуваат дека новата рунда европски …

Бајден се откажува од санкциите против руската нафта – еве за што станува збор Read More »

Украина најави контранапад на југот: „Цивили, итно бегајте“


Вицепремиерката на Украина денеска ги повика цивилите итно да ја напуштат јужната провинција Херсон, која беше окупирана од руските сили, бидејќи украинската армија планира контраофанзива. Украина го загуби најголемиот дел од таа провинција на Црното Море, како и истоимениот град, во првите недели од руската инвазија која започна на 24 февруари. „Јасно е дека ќе …

Украина најави контранапад на југот: „Цивили, итно бегајте“ Read More »

Протестот мирен и без инциденти, продолжува утре


Да се сплотиме сите и заеднички да се спротивставиме на ова мрачно сценарио, да кажеме „НЕ“ за бугаризација, асимилација и за бришење на нашиот македонски идентитет, порачаа учесниците од вечерашниот протест пред Собранието, искажувајќи револт против францускиот предлог. Обраќањата пред Законодавниот дом кој беше крајната дестинација на протестниот марш, почнаа со интонирање на македонската химна, …

Протестот мирен и без инциденти, продолжува утре Read More »

Италија: По екстрадицијата албанските криминалци со поткуп се ослободуваат од затворите


Во најновиот извештај на италијанското Министерството за правда наведени се проблемите поврзани со екстрадицираните албанските криминалци. Во извештајот за борбата против криминалот и шверцот со дрога, италијанските власти наведуваат дека албанските криминалци се екстрадираат, се ставаат во затворите во Тирана и во Валона и потоа ги напуштаат ќелиите откако ќе платат поткуп. – Албанските криминалци …

Италија: По екстрадицијата албанските криминалци со поткуп се ослободуваат од затворите Read More »

Волш: Поради скапото гориво ќе се зголемат цените на авиобилетите


Генералниот директор на Меѓународното здружение на воздушен транспорт (ИАТА), Вили Волш изјави дека поради раст на трошоците за гориво ќе се зголеми цената на авионските билети. Тој наведе дека цените на горивото се рекордно високи и оти „нафтата е единствен најголем елемент во основата на трошоците на авиокомпаниите“ – Неизбежно е на крај високите цени …

Волш: Поради скапото гориво ќе се зголемат цените на авиобилетите Read More »

„Сѐ се случи во рок од две минути“: првиот преживеан од Халкидики ги опиша драматичните моменти


Неверојатна среќа имал младиот човек од Македонија, бидејќи бил спасен неколку минути од моментот кога го однела струјата на плажата Мити во Посиди. Во неделата напладне беше спасен вториот од групата, по 18 часа пливање, додека по третиот се уште се трага и се трага во спасувачката акција на надлежните, пишува iefimerida.gr. „Отидовме да пливаме …

„Сѐ се случи во рок од две минути“: првиот преживеан од Халкидики ги опиша драматичните моменти Read More »

„Кориере дела сера“: Гeрманија блокира девет милијарди евра помош за Украина


Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објави дека Германија блокира девет милијарди помош од Европска Унија за Украина. Весникот повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека повеќе од еден месец е блокирана исплатата на значителна финансиска помош за Украина. Според Кориере дела сера“, Берлин одобрил исплата само на првата транша од една милијарда евра. Италијанскиот весник тврди дека …

„Кориере дела сера“: Гeрманија блокира девет милијарди евра помош за Украина Read More »

ДПС повеќе не ја поддржува Владата на Абазовиќ


Демократската партија на социјалистите (ДПС) на денешната седница на претседателството на партијата одлучи да ја ускрати поддршката на црногорската Влада на Дритан Абазовиќ. Владата на Црна Гора го смени политичкиот курс, спротивно на политичкиот договор за нејзиното формирање, се откажа од приоритетната задача за исполнување на обврските од евроинтеграциската агенда и набрзина, неодговорно и без …

ДПС повеќе не ја поддржува Владата на Абазовиќ Read More »

Ѓоковиќ го победи Кирјос за седми трофеј на Вимблдон


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стана победник на Вимблдон во 2022 година. Во финалето попладнево првиот носител го победи Австралиецот Ник Кирјос. Во меч што траеше нешто повеќе од три часа, Ѓоковиќ победи во четири сета – 4:6, 6:3, 6:4 и 7:6. Србинот по седми пат во кариерата стана победник на Грен слемот во Лондон. За …

Ѓоковиќ го победи Кирјос за седми трофеј на Вимблдон Read More »

Леклер победи на aвстриското ГП


Возачот на Ферари, Шарл Леклерк победи на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена за Големата награда на Австрија. Втор беше Макс Верстапен од Ред Бул, додека третот место го освои возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Серхио Перез од Ред Бул, Николас Латифи од Вилијамс и Карлос Сајнц од Ферари не успеаја да ја …

Леклер победи на aвстриското ГП Read More »

Почината жена пронајдена во нејзиниот дом во Драчево


МВР соопшти дека вчера попладне е пронајдена почината жена во нејзиниот дом во населбата Драчево. Според полицијата, се работи за С.И. (48) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Случајот е пријавен во 17.50 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а …

Почината жена пронајдена во нејзиниот дом во Драчево Read More »

Две девојки се тешко повредени при судир на патничко возило и полициска „шкода јети“


Две девојки се тешко повредени во сообраќајка што се случила ноќеска во Гостивар помеѓу полициско возило „шкода јети“, сопственост на МВР, и патничко возило „пасат“, со гостиварски регистарски ознаки. Како што соопшти МВР, несреќата се случила на крстосницата меѓу улиците „Седек Костоски“ и „Б. Блажески“ во 04:20 часот. Во полициското возило се превезувале двајца полициски службеници, …

Две девојки се тешко повредени при судир на патничко возило и полициска „шкода јети“ Read More »