Минатата година албанско државјанство добиле 711 лица а од него се откажале 724 албански граѓани


Според податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, минатата година албанско државјанство добиле 711 лица, што е речиси двапати повисока бројка споредено со претходната, 2020 година, кога тоа право го оствариле 423 лица. Најголем дел се лица со потекло од Косово, потоа Турција, Сирија и Италија, а доминира возрасната група од 30 до 39 години. Во …

Минатата година албанско државјанство добиле 711 лица а од него се откажале 724 албански граѓани Read More »

Косово во првата половина од годинава го напуштиле 108 лекари


Во првите шест месеци од оваа година вкупно 108 лекари ја напуштиле работата во јавните здравствени установи во Косово и заминале за да ја вршат професијата во странство, главно во Германија, јави дописникот на МИА од Приштина. Претседателот на Лекарската комора на Косово, Плеурат Сејдиу за агенцијата КосоваПрес изјави дека мошне загрижувачкиот тренд на одлевање …

Косово во првата половина од годинава го напуштиле 108 лекари Read More »

Хрватска официјално ги започна преговорите за влез во ОЕЦД


Хрватска официјално ги започна преговорите за влез во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), соопшти во петокот хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман. „Објавуваме дека на средбата со заменик генералниот секретар на ОЕЦД, Улрик Вестергард Кнудсен, официјално ги започнавме преговорите“, рече министерот кој учествуваше на средбата меѓу премиерот Андреј Пленковиќ и Кнудсен …

Хрватска официјално ги започна преговорите за влез во ОЕЦД Read More »

Канада ги враќа поправените руски турбини за „Северен тек 1“


Канада ќе одобри укинување на санкциите за враќање на поправените руски турбини во Германија, на која ѝ се потребни за одржување на работата на гасоводот „Северен тек 1“, најави канадскиот министер за природни ресурси. Канадската влада, која издава дозвола за изземање на турбините од нејзините санкции кон Русија, рече дека овој потег ќе ја поддржи …

Канада ги враќа поправените руски турбини за „Северен тек 1“ Read More »

Црна Гора: „Старбакс“ пристигнува во Подгорица, најавено отворање на 50 работни места


Најголемиот синџир на кафетерии во светот „Старбакс“ до крајот на годината ќе го прошири своето работење во Црна Гора, најави градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ. Како што наведе во објава на својот Фејсбук профил, тоа е резултат на средбата со претставници на „Зерен Холдинг“ од Велика Британија, која соработува со сопствениците на познатата франшиза. пренесе …

Црна Гора: „Старбакс“ пристигнува во Подгорица, најавено отворање на 50 работни места Read More »

Петков ѝ даде оценка 5,5 на бугарската дипломатија за спорот со Македонија


Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков во интервју за БТВ, предлогот на француското претседателство со Европската унија го оцени како исклучително добар кој направил бугарските позиции да станат и европски, јави дописникот на МИА од Софија. Она што сега се случува во Северна Македонија, вели Петков, е поради тоа што ним им е многу тешко …

Петков ѝ даде оценка 5,5 на бугарската дипломатија за спорот со Македонија Read More »

Се бараат во море и од воздух: Продолжува потрагата на Халкидики по двајцата исчезнати


 Без резултат е досегашната потрага во текот на ноќта во морскиот дел на првиот крак на Халкидики, по двајцата исчезнати, веројатно македонски државјани, а спасувачката акција продолжува и денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Потрагата и денеска се води под лоши временски услови со силен ветер со јачина од шест бофори (над 40 километри …

Се бараат во море и од воздух: Продолжува потрагата на Халкидики по двајцата исчезнати Read More »

Лампедуза преполна: Италија ги префрла мигрантите на други места


Италијански воени бродови почнаа да ги евакуираат првите 600 мигранти од сицилијанскиот остров Лампедуза, откако центарот за идентификација на бегалци таму беше преполн со новопристигнати и се појавија снимки од лошите услови. Овој месец е забележан постојан пораст на мигрантите кои пристигнуваат во Италија во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни …

Лампедуза преполна: Италија ги префрла мигрантите на други места Read More »

Времетраење на работниот век: Кој работи најдолго во ЕУ


Во 2021 година, очекуваното просечно времетраење на работниот век за 15-годишниците во ЕУ беше 36,0 години. Од 2001 година, очекуваното просечно времетраење на работниот век постојано се зголемуваше во ЕУ, а потоа се намали за прв пат во 2020 година поради здравствената криза со КОВИД-19 (од 32,0 години во 2001 година на 35,9 години во …

Времетраење на работниот век: Кој работи најдолго во ЕУ Read More »

Убиецот на Абе се обидел да направи и бомба, тврдат истражители


Човекот обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе и кажал на полицијата дека се обидел да направи бомба, објавија  јапонски медиуми повикувајќи се на истражни извори. Тецуја Јамагами (41), кој го застрела Абе со рачно изработен пиштол од непосредна близина за време на говор за предизборната кампања, и рекол на полицијата дека направил …

Убиецот на Абе се обидел да направи и бомба, тврдат истражители Read More »

Крушево го освојува туристичките височини


Крушево го зазема своето посакувано место на туристичката мапа во земјава. И зиме, а во лето е вистинска мека за да се избегнат жештините. И да се освојат височините. Ако станува збор за вљубеници во алтернативните спортови и предизвици, Крушево е топ место за престој. И целосно да се побегне од збрканата, тешка реалност. Барем …

Крушево го освојува туристичките височини Read More »

Поради Ковид-19, Макао ги затвора светски познатите казина и речиси сите трговски и индустриски капацитети


Властите на кинескиот специјален административен регион Макао одлучија од почетокот на следната недела да ги затворат речиси сите трговски и индустриски капацитети на седум дена поради ширење на Ковид-19. Макао ќе ги затвори и своите светски познати казина. Градските власти рекоа дека основните објекти ќе останат отворени, вклучувајќи хотели, супермаркети и аптеки. Одлуката е донесена …

Поради Ковид-19, Макао ги затвора светски познатите казина и речиси сите трговски и индустриски капацитети Read More »

Илон Маск се откажува од купувањето на Твитер, акциите на социјалната мрежа паднаа за 6 отсто


Милијардерот Илон Маск сака да го прекине договорот за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари, се вели во писмото што неговиот адвокат го испратил до генералниот советник на споменатата социјална мрежа. Во писмото, адвокатот Мајк Ринглер тврди дека Твитер ги прекршил своите договорни обврски со тоа што не му дал на Маск деловните информации …

Илон Маск се откажува од купувањето на Твитер, акциите на социјалната мрежа паднаа за 6 отсто Read More »

Повторно се појави најсмртоносниот вирус, во Гана починаа две лица


Здравствените власти на Гана соопштија дека за прв пат потврдиле два фатални случаи на вирусот Марбург, роднина на вирусот ебола. Здравствените институции се подготвуваат за потенцијална епидемија, пишува Дејли мејл. Лекарите соопштија дека пациентите развиле симптоми како дијареа, треска, гадење и повраќање. Претставникот на Светската здравствена организација во Гана, Френсис Касоло изјави дека здравствените служби …

Повторно се појави најсмртоносниот вирус, во Гана починаа две лица Read More »

(Видео) Хорор на Тур де Франс: Велосипедист удри во гледач и го скрши вратот, а друг карлицата и клучната коска


Страшна несреќа се случи на етапа на Тур де Франс. Велосипедистот Даниел Ос со голема брзина налета на еден навивач покрај патот и беше тешко повреден. Ос скршил пршлен на вратот во падот, но неверојатно е што по падот ја продолжил трката и дури по крајот бил префрлен во болница за да му се скенира …

(Видео) Хорор на Тур де Франс: Велосипедист удри во гледач и го скрши вратот, а друг карлицата и клучната коска Read More »

МНР: Нашата амбасада во Атина е во контакт со грчките власти за тројцата македонски државјани осомничени за шверц на дрога


Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина оствари комуникација со официјални претставници на надлежните институции на грчкиот остров Миконос, од каде е добиена информација за тројца уапсени наши државјани осомничени за трговија со дрога, соопшти Министерството за надворешни работи. Во соопштението на МНР, се посочува дека тројцата осомничени македонски државјани се со иницијали О.П, Г.П. …

МНР: Нашата амбасада во Атина е во контакт со грчките власти за тројцата македонски државјани осомничени за шверц на дрога Read More »

Пуштен во употреба гасоводот што ги поврзува Грција и Бугарија, се зајакнува регионалната енергетска безбедност


Симболично, со вртење на славината за проток на природен гас, премиерите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Кирил Петков, во грчкиот град Комотини го отворија гасоводот ИГБ што ги поврзува двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Двајцата премиери на свечената манифестација се осврнаа на важноста на конкретниот гасовод, Мицотакис рече дека e …

Пуштен во употреба гасоводот што ги поврзува Грција и Бугарија, се зајакнува регионалната енергетска безбедност Read More »

Годишната инфлација во Грција 12,1 отсто  


Годишната инфлација во Грција во месец јуни со 12,1 отсто бележи нов рекорд со оглед на тоа дека е највисока во изминатите најмалку 25 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Грчката служба за статистиката, за една година, од јуни 2021 година, до јуни годинава, најголемо зголемување на цените има кај …

Годишната инфлација во Грција 12,1 отсто   Read More »

Барселона испрати официјална понуда за Левандовски


Шпанскиот фудбалски гигант Барселона испрати денеска официјална понуда до германскиот првак Баерн Минхен за ангажман на полскиот голгетер Роберт Левандовски, потврди претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта. – Испративме понуда, се надеваме дека сè ќе заврши позитивно, но сега чекаме одговор, рече Лапорта при промоцијата на Андреас Кристенсен, како ново засилување во редовите на Барселона. Дел од шпанските медиуми …

Барселона испрати официјална понуда за Левандовски Read More »

Бектеши: Успешно се справуваме со предизвиците што ги донесе енергетската криза


Енергетскиот сектор во Северна Македонија се соочи со навистина тежок период како резултат на сите кризи што ја зафатија не само нашата земја, туку и целиот свет. Покрај тоа, ние како земја продолжуваме да ги фокусираме нашите политики поврзани со енергијата на здрава и чиста животна средина, како и енергетска независност. Владата на Република Северна …

Бектеши: Успешно се справуваме со предизвиците што ги донесе енергетската криза Read More »