(Видео) Хорор на Тур де Франс: Велосипедист удри во гледач и го скрши вратот, а друг карлицата и клучната коска


Страшна несреќа се случи на етапа на Тур де Франс. Велосипедистот Даниел Ос со голема брзина налета на еден навивач покрај патот и беше тешко повреден.

Ос скршил пршлен на вратот во падот, но неверојатно е што по падот ја продолжил трката и дури по крајот бил префрлен во болница за да му се скенира вратот, пренесува Дневник.хр.

Видеото од трката ги обиколи светските медиуми. Во судирот гледачот бил фрлен на страна, а Ос го удрил колегата кој ја скршил клучната коска и карлицата и повеќе не можел да ја вози етапата.
Даниел Ос сега мора строго да мирува, а закрепнувањето според лекарските прогнози ќе трае повеќе од еден месец, а неговиот колега ќе мора да мирува уште подолго.