(Видео) Мини торнадо на Охридско Езеро преврте чамец


Tуристи кои летуваат во Охрид снимија невообичаена појава за Охридското Езеро, која наликува на вистинско мини-торнадо.

Снимката е направена на потегот меѓу Лагадин и Пештани и споделена на социјалните мрежи.

На неа се гледа како ветерот формирал торнадо на површината на езерото и превртел чамец.