Среде полициски час изгоре кафулето „Фонтана“ во ТЦ „Мавровка“


Среде ноќ и среде полициски час голем пожар го зафати кафулето „Фонтана“ во Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, кое беше едно од попознатите свратилишта во овој дел од градот. Големата тераса изгоре целосно во пожарот што избувна во два часа по полноќ. Во гаснењето на огнот учествувале 21 пожарникари, кои успеале да ги локализираат пламените …

Среде полициски час изгоре кафулето „Фонтана“ во ТЦ „Мавровка“ Read More »

Приватните кредитори и Парискиот клуб намалуваат долгови на најсиромашните


Кредиторите од Парискиот клуб и приватниот сектор се согласија на вонреден он-лајн состанок за соработка во иницијативата за намалување на долгот на најсиромашните држави почнувајќи од денеска. Парискиот клуб и Меѓународниот институт за финансии (ИМФ), во кои се повеќе од 450 банки, хеџ фондови и други финансиски институции, објавија дека пандемијата на корона вирус создаде …

Приватните кредитори и Парискиот клуб намалуваат долгови на најсиромашните Read More »

Мицотакис добива пофалби во Грција за справување со корона кризата


Грците долго време страдаа од нестабилност, но одговорот на нивната влада на епидемијата доби поддршка од населението   Солун – Со години наназад, Грција се смета за една од најпроблематичните членки на Европската унија, притисната од финансиска криза, корупција и политичка нестабилност. Но, во кризата корона вирусот, земјата се појави како добредојдено изненадување: епидемијата се …

Мицотакис добива пофалби во Грција за справување со корона кризата Read More »

Драматично зголемување на бројот на оздравените во Италија


На денот на неговата последна прес-конференција за презентирање на дневниот билтен, шефот на Цивилната заштита на Италија, Анџело Борели, соопшти дека кривата на епидемијата повторно опадна под две илјади, со 1.872 нови случаи во последните 24 часа. Но, она што е најважно е дека бројот на мртвите продолжува да паѓа. Денес бројката е 285, а …

Драматично зголемување на бројот на оздравените во Италија Read More »

Изборите како прво, или последно гајле


ЕРОЛ РИЗАОВ  Она што се одвива зад грижата за здравјето на луѓето и за економскиот колапс сепак е жестока предизборна пресметка (Колумна за Дојче веле)   На политичката сцена во Македонија во вонредна состојба повеќе од еден месец се одвиваат истовремено два процеса. Еден јасно видлив, каде сите политички партии и лидери имаат ист став. …

Изборите како прво, или последно гајле Read More »

Владата и синдикатите ќе бараат решение да нема отпуштање на работници


Владата денеска соопшти дека заедно со синдикалните организации дефинирале предлози кои се добра основа за решение за спроведување на финансиската поддршка за платите на работниците и за зачувување на работните места. Како што се наведува во соопштението од Владата, денеска се одржа состанок со кој претседаваше премиерот, Оливер Спасовски и на кој заедно со заменичката …

Владата и синдикатите ќе бараат решение да нема отпуштање на работници Read More »

Во Шпанија се смирува епидемијата – денеска 268 починати


За прв пат, три региони во Шпанија немаат пријавено смртни случаи од корона вирус до Министерството за здравство, според податоците што одговараат на среда, 29 април, што беа објавени денеска. Тое се Мурсија – која два дена по ред е без смртни случаи – Кантабрија и Галиција. Севкупно, извештајот покажува дека во последните 24 часа …

Во Шпанија се смирува епидемијата – денеска 268 починати Read More »

Бројот на инфицирани 23, починати 4, а оздравени 111 лица


Бројот на нови пациенти со инфекции на Ковид-19 се одржува на бројката од претходните денови, но починатите не се намалуваат. Денешниот биланс, според соопштението на Министерството за здравство, е: потврдени се 23 нови случаи од 386 тестирања; починале четворица, а издравени се 111 пациенти. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира …

Бројот на инфицирани 23, починати 4, а оздравени 111 лица Read More »

Трамп: Кина сака да ги загубам изборите


Вашингтон – Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека верува оти постапувањето со корона вирусот во Кина е доказ дека Пекинг „ќе стори сѐ што може“ за да ги изгуби изборите во ноември. Во интервју за Ројтерс во Овалната канцеларија, Трамп изрече тешки зборови за Кина и рече дека разгледува различни опции во однос на …

Трамп: Кина сака да ги загубам изборите Read More »

Австрија понуди третман на пациенти од Македонија


Австриската амбасада денеска соопшти дека во наредните денови земјата ќе испрати шатори, ќебиња, генератори за електрична енергија, душеци, постелнина за еднократна употреба и средства за хигиена како помош за Македонија за справување со пандемијата на Ковид-19. Таа помош ќе стигне  преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (Union Civil Protection Mechanism) „Австрија сака да покаже …

Австрија понуди третман на пациенти од Македонија Read More »

(ВИДЕО) Државите и компаниите ризикуваат милијарди во трката за вакцина против корона вирусот


Новата пандемиска парадигма за пронаоѓање вакцина е фокусирана на брзината и е полна со ризици   Во трката да развијат вакцина за ставање крај на пандемијата на Ковид-19, владите, добротворните организации и големите фармацевтски компании фрлаат милијарди долари во облози со извонредно ниски шанси за успех. Тие се на брза лента за тестирање и преглед …

(ВИДЕО) Државите и компаниите ризикуваат милијарди во трката за вакцина против корона вирусот Read More »

Бројката на починатите во Италија не паѓа под 300


Епидемијата во Италија сега стои на две илјади инфицирани лица дневно наместо три илјади, како што беше до неодамна, но тоа, според тамошните експерти, покажува дека земјата сѐ уште се наоѓа на платото и не почнала да sleguva надолу. Новите случаи денес се 2.086, речиси идентични со оние што беа вчера. Смртните случаи паднаа на …

Бројката на починатите во Италија не паѓа под 300 Read More »

Мицотакис: Парламентот ќе работи цело лето


Атина – Парламентот оваа година нема да ја прекине работата за летната сесија и од сега до 31 јули имаме 26 закони што требаше да се донесат, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, објаснувајќи им на министрите дека до крајот на јули, е особено набиена законодавната агенда. Во однос на олабавувањето …

Мицотакис: Парламентот ќе работи цело лето Read More »

Германците се Германци и во време на корона вирусот


Другите земји гледаат кон Берлин за начинот на кој се справува со пандемијата. Но не може сите да бидат Германци   Берлин – Никогаш никој не ги обвинил Германците за скромност. Без разлика дали предметот е das Auto, пиво или нудистичко сончање, Германците се гордеат со тоа што знаат дека се понапред од  остатокот од …

Германците се Германци и во време на корона вирусот Read More »

Маските за лица ќе станат задолжителни во Европскиот парламент


Европскиот парламент ќе го направи задолжително носењето маски за лице за европратениците и персоналот и да ја проверат нивната температура пред да влезат во неговите згради. Мерките се дел од планот за ублажување на ограничувањата на корона вирусот, подготвен од Клаус Веле, генерален секретар на парламентот. Плановите беа испратени до високи европратеници на 22 април …

Маските за лица ќе станат задолжителни во Европскиот парламент Read More »

Дали Наќе Чулев едно зборува во јавноста, а друго во Владата?


Одредувањето на времетраењето на полицискиот час за време на продолжениот викенд поврзан со 1 Мај стана уште едно поле за политички натпревар. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, според она што го изјави во интервју на ТВ24, тврди дека на седницата на Владата предложил за време на викендот да нема целосен полициски час, затоа …

Дали Наќе Чулев едно зборува во јавноста, а друго во Владата? Read More »

Гозба


РУДИ ЛАЗАРЕВСКИ Беспарицата допрва доаѓа. Особено во месеците пред нас. Најмалку до крајот на септември   Една порака до буџетскиот сектор и до првитаниот сектор кој ексклузивно живее од буџетскиот сектор За празников не трошете премногу на јагнешко, прасечко и гозби. Беспарицата допрва доаѓа. Особено месеците пред нас. Некаде до крајот на септември. Најмалку. Беспарицата …

Гозба Read More »

Шпанија се надева на враќање во нормалата на крајот од јуни


Шпанскиот план за укинување на ограничувањата треба да се одвива во четири фази   Мадрид – Шпанија во вторникот објави четирифазен план за укинување на едно од најтешките блокирања од корона вирусот во Европа и враќање на нормалноста до крајот на јуни, бидејќи дневната бројка на смртни случаи падна на 301, што е помалку од …

Шпанија се надева на враќање во нормалата на крајот од јуни Read More »

Избори налето или среде можната нова епидемија наесен


И покрај моменталната воздржаност на партиите во однос на тоа кога треба да одржат изборите, летото, сепак, се смета за најоптимален период за тоа, со оглед на тоа што наесен се најавува нов бран на епидемија од Ковид-19   Кон средината на мај, за кога претседателот Стево Пендаровски најави уште една лидерска средба во врска …

Избори налето или среде можната нова епидемија наесен Read More »

Нервозните републиканци гледаат како Трамп тоне и како ќе го однесе Сенатот со него


До изборите во ноември има уште шест месеци, но појавата на нови грозоморни анкети и непредвидливите брифинзи на Трамп за корона вирусот предизвикаа огромна загриженост кај републиканците   Вашингтон – Со непредвидливото постапување на претседателот Доналд Трамп околу заразата од корона вирусот, влошување на економијата и каскада на јавните и приватни анкети, републиканците сѐ повеќе …

Нервозните републиканци гледаат како Трамп тоне и како ќе го однесе Сенатот со него Read More »