Драматично зголемување на бројот на оздравените во Италија


На денот на неговата последна прес-конференција за презентирање на дневниот билтен, шефот на Цивилната заштита на Италија, Анџело Борели, соопшти дека кривата на епидемијата повторно опадна под две илјади, со 1.872 нови случаи во последните 24 часа. Но, она што е најважно е дека бројот на мртвите продолжува да паѓа. Денес бројката е 285, а вчера беа 323. Пред само една недела беше 464. Вкупната смртност е близу 28.000.

Од друга страна, бројот на излекуваните драматично се зголемува, денес рекордни 4.693 се збогуваа со вирусот. Дури 101 кревет се ослободени од интензивната нега, додека обичните одделенија за Ковид-19 брзо се празнат, при што се ослободени дури 1.061 испразнети за еден ден. Денеска се направени над 68 илјади тестови.