Среде полициски час изгоре кафулето „Фонтана“ во ТЦ „Мавровка“


Од терасата на кафулето остана само пепел  (Фото: Алсат)

Среде ноќ и среде полициски час голем пожар го зафати кафулето „Фонтана“ во Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, кое беше едно од попознатите свратилишта во овој дел од градот. Големата тераса изгоре целосно во пожарот што избувна во два часа по полноќ.

Во гаснењето на огнот учествувале 21 пожарникари, кои успеале да ги локализираат пламените јазици да не се прошират наоколу. Материјалната штета е огромна, а причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Пред некој ден, исто така среде полициски час изгореа и трафиките пред хотелот „Холидеј ин“.

Инаку, во во истото кафуле лани во фебруари беше испукан проектил од рачен фрлач кој го оштети овој локал и околните. Во времето кога бил испукан проектилот не работел угостителскиот објект и немаше повредени лица.