Во Шпанија се смирува епидемијата – денеска 268 починати


Графика на бројот на починатите во Шпанија од 12 април до денес

За прв пат, три региони во Шпанија немаат пријавено смртни случаи од корона вирус до Министерството за здравство, според податоците што одговараат на среда, 29 април, што беа објавени денеска. Тое се Мурсија – која два дена по ред е без смртни случаи – Кантабрија и Галиција. Севкупно, извештајот покажува дека во последните 24 часа имало 268 смртни случаи, што претставува пораст од 1,1 отсто на вкупно 24.543 смртни случаи.

Порастот на инфицираните е исто така низок, 0,61 отсто, и сега има вкупно 213.435 случаи.

Што се однесува до излекуваните, нивниот број се зголеми на 112.050. Зголемувањето од последниот ден, 3.103, е веќе двојно повеќе од новодијагностицираните – 1.309.

Најпогодениот регион – Мадрид, денеска има 406 случаи на новоинфицирани, што е за повеќе од двојно помалку од вчера.