Бројката на починатите во Италија не паѓа под 300


Епидемијата во Италија сега стои на две илјади инфицирани лица дневно наместо три илјади, како што беше до неодамна, но тоа, според тамошните експерти, покажува дека земјата сѐ уште се наоѓа на платото и не почнала да sleguva надолу. Новите случаи денес се 2.086, речиси идентични со оние што беа вчера. Смртните случаи паднаа на 323 (вчера беа 382), но никако да се спуштат под 300. Бројот на излечените е 2.311, а ослободени се 68 легла на интензивна нега.

И натаму најпогоден регион е Ломбардија (каде се 38 отсто од новите инфицирани, а потоа следат Пиемонт и Емилија Ромања. Вкупно инфицирани се 203.591 лице.