Кина се сврте кон балоните за да обезбеди разузнавачки податоци низ светот


  ВАШИНГТОН – Американските разузнавачки агенции оценија дека кинеската програма за шпионски балон е дел од глобалниот обид за надзор кој е дизајниран да собира информации за воените способности на земјите ширум светот, според тројца американски претставници. Летовите со балони, веруваат некои официјални лица, се дел од напорите на Кина да ја усоврши нејзината способност …

Кина се сврте кон балоните за да обезбеди разузнавачки податоци низ светот Read More »

Првиот конвој со помош на ОН за настраданите влезе во Сирија


  Конвој со помош на Обединетите нации премина од Турција во северозападна Сирија во четвртокот за прв пат по земјотресот во понеделникот во трката да се испорача меѓународна помош во регионот опфатен со многугодишниот конфликт и акутната хуманитарна криза. Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОН OCХA) соопшти дека конвојот, составен од …

Првиот конвој со помош на ОН за настраданите влезе во Сирија Read More »

Спортските обложувалници се жалат до Делегацијата на ЕУ


  Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) денес испрати писмо до Делегацијата на Европската Унија во земјава со цел да ја изрази својата загриженост за неодамнешната одлука на Владата да предложи нов закон за индустријата за игри на среќа во скратена постапка под знамето на ЕУ. „Длабоко сме загрижени дека оваа одлука нема правна …

Спортските обложувалници се жалат до Делегацијата на ЕУ Read More »

Ковачевски со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ: Предвремени избори не се опција


Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше состанок со шефот на Делегацијата на Европската унија, Дејвид Гир и со амбасадори на земји членки на Европската унија, на која се расправаше за европскиот пат на Македонија. Според соопштението на владината прес-служба се работи за редовен годишен состанок со резидентни амбасадори, на којшто присуствуваа и повеќе министри. Во соопштението …

Ковачевски со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ: Предвремени избори не се опција Read More »

Стоечки овации за Зеленски во Европскиот парламент


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати искрен апел неговата земја да стане дел од Европската унија за време на обраќањето до пратениците на Европскиот парламент. „Ова е нашата Европа, ова се нашите правила, ова е нашиот начин на живот. А за Украина, тоа е пат кон дома, пат до нејзиниот дом“, рече Зеленски, повикувајќи се …

Стоечки овации за Зеленски во Европскиот парламент Read More »

Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“ во Советот на безбедност повика на примирје во Украина


  Музичарот, коосновач и поранешен лидер на прославената рок-група „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, зборуваше на состанокот на Советот за безбедност на ОН на 8 февруари, говорејќи на тема руската инвазија на Украина. Снимка од неговиот говор (и на англиски и на руски) е достапна на веб-страницата на ОН. „Инвазијата на Руската Федерација во Украина е …

Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“ во Советот на безбедност повика на примирје во Украина Read More »

Радев: Бугарија ќе стави вето во ЕУ ако има санкции за нуклеарното гориво на Русија


  Бугарија ќе стави вето доколку Европската унија гласа за нов пакет санкции против Русија кои влијаат на нуклеарното гориво. Ова го соопшти претседателот Румен Радев пред новинарите вонредниот самит шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската унија во Брисел. Најважните моменти на самитот ќе бидат војната на Русија против Украина, економската …

Радев: Бугарија ќе стави вето во ЕУ ако има санкции за нуклеарното гориво на Русија Read More »

Русија започна голема офанзива во регионот Луганск


  Русија започна голема офанзива во областа Луганск. Темпото на нејзините воени операции долж линијата Сватово-Кременаја во близина на административната граница со регионот Харков значително се зголеми во текот на изминатата недела, според извештајот на Американскиот институт за проучување на војната (ИСВ). За ова, руската воена команда користеше единици од неколку полкови на Западниот воен …

Русија започна голема офанзива во регионот Луганск Read More »

Зеленски пристигна во Брисел за самитот на ЕУ


  Володимир Зеленски пристигна во Брисел на еден ден состаноци со лидерите и пратениците на ЕУ. Посетата е трета станица на украинскиот претседател на дводневната турнеја низ европските метрополи. Во средата, тој направи ненадејна посета на Лондон, каде што ја повика Велика Британија да донира борбени авиони, пред да се пресели во Париз на вечера …

Зеленски пристигна во Брисел за самитот на ЕУ Read More »

Две жени пронајдени живи во урнатините во Турција по 62 часа (Видео)


  Фатма Демир и нејзината сестра Мерве беа спасени во средата во Турција, откако поминаа 62 часа под урната зграда, соопшти кабинетот на гувернерот на Газиантеп. Фатма Демир (25) му рекла на спасувачот дека кога се случил земјотресот, до неа била нејзината роднина Хусра. „Кога се случи земјотресот, врз мене падна бетонска плоча. Паднав на …

Две жени пронајдени живи во урнатините во Турција по 62 часа (Видео) Read More »

9 февруари во историјата – Украина потпиша мировен договор со Централните сили


  Првиот мировен договор од Првата светска војна е потпишан кога новопрогласената независна држава Украина официјално се договори со Централните сили во 2 часот по полноќ во Берлин, Германија, на 9 февруари 1918 година. Во договорот, Централните сили, во кои беа вклучени владите на Австро-Унгарија, Бугарија, Германија и Турција, формално ја признаа независноста на Украина …

9 февруари во историјата – Украина потпиша мировен договор со Централните сили Read More »

Поддршката за членство во ЕУ падна под 50 отсто


  Ставот на граѓаните дека „влезот во ЕУ е добра работа“ падна под 50 отсто и тој сега изнесува 49 проценти, покажа редовната анкета „Еврометар“ на „Евротинк“. Тоа е драматичнен пораст на евроскептицизмот (за 20 отсто) во Македонија во однос на анкетата на „Евротинк“ од претходната година. Резултатот од анкетата спроведена во декември од „Брима“ …

Поддршката за членство во ЕУ падна под 50 отсто Read More »

Зеленски пристигна во неочекувана посета на Лондон


  Британскиот крал Чарлс Трети денеска ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение од Бакингемската палата. Зеленски денеска пристигна во неочекувана посета на Велика Британија. Украинскиот претседател ќе има разговори со британскиот премиер Риши Сунак. Зеленски, исто така, треба да се обрати во британскиот парламент и да се сретне …

Зеленски пристигна во неочекувана посета на Лондон Read More »

Надежта за преживеани бледнее, бројот на жртвите од земјотресот надмина 11.000


  ГАЗИАНТЕП, Турција – Додека надежта да се пронајдат преживеани се намалува, спасувачките тимови работеа цела ноќ во Турција и Сирија, барајќи знаци на живот во урнатините на илјадници згради урнати од катастрофалниот земјотрес. Бројот на загинати во средата се зголеми на повеќе од 11.000 во најсмртоносниот земјотрес во светот во повеќе од една деценија. …

Надежта за преживеани бледнее, бројот на жртвите од земјотресот надмина 11.000 Read More »

Во Бугарија обвинeт поранешен министер затоа што не му плаќал на „Гаспром“ во рубљи


  Поранешниот министер за енергетика Александар Николов беше повикан во Националната истражна служба, каде што беше покренато обвинение против него поради одбивањето на Бугарија да му плати на „Гаспром“ во рубли додека трае инвазијата на Украина. Ова го соопшти неговата адвокатка Ина Лулчева по распитот на Николов. Тој беше министер во владата на Кирил Петков. …

Во Бугарија обвинeт поранешен министер затоа што не му плаќал на „Гаспром“ во рубљи Read More »

„Извлечете нѐ. Ќе ти бидам слугинка“: Драматично спасување на две мали сестри во Сирија


  Две деца заглавени меѓу бетон во остатоците од нивниот дом во северна Сирија се спасени повеќе од 36 часа откако земјотресот во понеделникот го зароби нивното семејство додека спиеја. „Извлечете ме одовде, ќе сторам сѐ за вас“, им шепоти постарото дете на спасувачите кои на видеото се гледаат како клечат во урнатините на домот …

„Извлечете нѐ. Ќе ти бидам слугинка“: Драматично спасување на две мали сестри во Сирија Read More »

Осумгодишно дете извлечено од урнатините по 52 часа


  Неверојатни приказни и слики продолжуваат да се појавуваат од многуте места на катастрофата предизвикана од земјотресот. Во Хатај, Турција, осумгодишно момче е спасено од урнатините на зграда по околу 52 часа. Јигит Чакмак од зградата беше пренесен од зградата до кај неговата мајка која чекаше кај урнатините и го пречека со голема прегратка.

Деиндустријализација на Европа?


Европската индустрија е загрозена од две големи закани: високите цени на енергијата и Законот за контрола на инфлацијата (ИРА) на американскиот претседател Бајден, кој во основа е понуда и поттик за европските зелени индустрии да се преселат во САД. Дали некогашните индустриски зони на Европа ќе се претворат во музеи на ‘рѓосани машини? Дали Германија …

Деиндустријализација на Европа? Read More »

8 февруари во историјата – Мери, кралицата на Шкотите, е погубена со сечење на главата


  По 19 години затвор, Мери, шкотската кралица е обезглавена во замокот Фотерингхеј во Англија на 8 февруари 1587 поради нејзиното соучесништво во заговор за убиство на кралицата Елизабета Прва. Во 1542 година, кога имаше само шест дена, Мери беше поставена на шкотскиот престол по смртта на нејзиниот татко, кралот Џејмс V. Нејзината мајка ја …

8 февруари во историјата – Мери, кралицата на Шкотите, е погубена со сечење на главата Read More »

Во Турција и Сирија се копа и со голи раце во потрага по преживеани


  Тимовите за пребарување и помошта влегоа во Турција и Сирија во вторникот додека спасувачите работеа на ниски температури и понекогаш со голи раце копаа низ остатоците од зградите срамнети со земја од силниот земјотрес. Бројот на загинати се искачи над 7.200 и се очекуваше да се зголеми. Но, бидејќи штетите се шират на широк …

Во Турција и Сирија се копа и со голи раце во потрага по преживеани Read More »