Радев: Бугарија ќе стави вето во ЕУ ако има санкции за нуклеарното гориво на Русија


 

Бугарија ќе стави вето доколку Европската унија гласа за нов пакет санкции против Русија кои влијаат на нуклеарното гориво. Ова го соопшти претседателот Румен Радев пред новинарите вонредниот самит шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската унија во Брисел.

Најважните моменти на самитот ќе бидат војната на Русија против Украина, економската состојба на ЕУ, како и миграцијата и обезбедувањето на безбедноста на надворешните граници на ЕУ. На самитот ќе биде присудет и украинскиот претседател Володимир Зеленски кој веќе допатува во Брисел.

Бугарија не може да прифати санкции во нуклеарната енергија, вели Радев, бидејќи тоа директно ќе влијае на нуклеарната енергија во земјата. Во моментов, два од реакторите на нуклеарната централа Козлодуј, кои се од руски дизајн, користат само руско гориво. Неодамна, согласно одлуката на собранието, нуклеарната централа потпиша договор со шведската „Вестингхаус електрик“ за набавка на свежо нуклеарно гориво, но тоа ќе биде само за петтиот блок од 1000 мегавати. „Ги разгледуваме сите можни области каде тоа може да се случи, но таму каде што директно се загрозени нашите интереси, ние сме многу внимателни. Доколку има потреба ќе ставиме вето“, рече Радев.

Според шефот на бугарската држава, „крајно време“ е една година по почетокот на војната во Украина, фокусот на дебатите во ЕУ да бидат главно во потрага на мирно решение на конфликтот. Радев од почетокот на воениот конфликт во Украина повикува на дипломатско решение за завршување на војната, поради што постојано зазема став против испраќањето на муниција од Бугарија за Киев.