Спортските обложувалници се жалат до Делегацијата на ЕУ


 

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) денес испрати писмо до Делегацијата на Европската Унија во земјава со цел да ја изрази својата загриженост за неодамнешната одлука на Владата да предложи нов закон за индустријата за игри на среќа во скратена постапка под знамето на ЕУ.

„Длабоко сме загрижени дека оваа одлука нема правна основа и е во спротивност со принципите на демократскиот процес и учеството на јавноста. Јавната расправа за овој важен закон практично ќе биде оневозможена поради злоупотреба на европското знаме и сметаме дека тоа го поткопува интегритетот на ЕУ и нејзините вредности“- се вели во писмото.

Во писмото од АСОМ посочуваат дека доколку се усвои предложениот закон тој ќе ја затвори целата индустрија за игри и ќе принуди 10.000 луѓе да останат без работа. Тие посочуваат дека директно и индиректно ќе бидат погодени 45.000 луѓе, потенцирајќи дека многу сродни бизниси и компании сериозно ќе настрадаат. Тие се жалат и на тоа што за носењето на овој закон се употребува европското знаменце.