Во Бугарија обвинeт поранешен министер затоа што не му плаќал на „Гаспром“ во рубљи


Александар Николов беше министер за енергетика во владата на Кирил Петков

 

Поранешниот министер за енергетика Александар Николов беше повикан во Националната истражна служба, каде што беше покренато обвинение против него поради одбивањето на Бугарија да му плати на „Гаспром“ во рубли додека трае инвазијата на Украина. Ова го соопшти неговата адвокатка Ина Лулчева по распитот на Николов. Тој беше министер во владата на Кирил Петков.

Обвинувањата на Николов се за расипништво во особено големи размери. За ова кривично дело се изведени и неговиот поранешен заменик Даниел Николов, како и претходниот шеф на „Булгаргас“, Људмил Јоцов.

Според Лулчева, обвинението се должи на тоа што не била прифатена понудата на „Гаспром“ да се плати испораките во рубљи. Тие се обвинети за нанесување штета од 88 милиони лева (44 милиони евра) на државниот снабдувач со гас во периодот веднаш по прекинот на испораката на гас од Русија за Бугарија на крајот на април 2022 година.

Според истражителите, случајот е особено сериозен, бидејќи била загрозена активноста на „Булгаргас“ како јавен добавувач и обезбедувањето сигурност на испораките.

Обвинувањата се засноваат на резултатите од инспекцијата на тајната служба ДАНС која започна во летото минатата година. Според неа, по прекинот на испораките од „Гаспром“ за Бугарија на крајот на април, се купувал руски гас, но преку посредници и по околу 30 отсто повисока цена. Со тоа на „Булгаргас“ му е нанесена финансиска штета од десетици милиони лева.

Николов денеска се појави во Националната истражна служба каде против него е поднесена пријава. На излегување од зградата истакна дека до овој момент дошло откако одбил да попушти под притисокот на „Гаспром“ и совеста му е чиста. Од декември 2021 година до 2 август 2022 година во целост беше почитуван јавниот интерес на сите граѓани“, рече поранешниот министер, цитиран од „Сега“.

„Бугарија не поддлегна под притисоците на ‘Гаспром’ и Русија“, рече Николов.