Две жени пронајдени живи во урнатините во Турција по 62 часа (Видео)


 

Фатма Демир и нејзината сестра Мерве беа спасени во средата во Турција, откако поминаа 62 часа под урната зграда, соопшти кабинетот на гувернерот на Газиантеп.

Фатма Демир (25) му рекла на спасувачот дека кога се случил земјотресот, до неа била нејзината роднина Хусра.

„Кога се случи земјотресот, врз мене падна бетонска плоча. Паднав на подот“, рече Демир, додавајќи дека неколку пати се обидела да ја допре Хусра, но не можела.

Екипите за пребарување и спасување во југоисточниот турски град Газиантеп продолжуваат да ги бараат сите затрупани под урнатините.