Облачно, со врнежи од дожд


Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта (над 25 л/м2). Локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80 км/час). Утринската температура ќе се движи од 2 […]

За викендот врнежи од дожд, на југот поројни со грмежи и силен ветер


За време на викендот во земјава ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни утре попладне и во текот на ноќта над 25 литри на метар квадратен. Од УХМР наведуваат дека локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено […]

Северина на нови маки: Ја тужи судијка и бара оштета од 3 илјади евра


Хрватска- Откако и е одземено старателството над синот Александар и откако ја прекина соработката со менаџерот Ален Кључ, нови проблеми за регионалната поп-ѕвезда. Судијката Луција Ласиќ која сакаше да ја потврди пресудата од прв степен, се иззема од предметот на одлучување по жалбата на Северина зашто ја тужи за повреда на правото на приватност. Северина […]

Коронавирусот ги одложува ревиите на луксузните брендови


Италија– Повеќе луксузни модни куќи ги одложуваат модните ревии ширум светот, како резултат на појава на коронавирус, кој сега се шири во десетици земји. Италијанските брендови Џорџо Армани и Версаче соопштија вчера дека ги одложуваат модните ревии за своите колекции за крстарење. Шоуто „Армани“ беше закажано за 19-20 април во Дубаи, додека Версаче својата колекција […]

Прв случај на новиот коронавирус во Србија


Србија– Еден 43-годишен маж од Суботица е првиот пациент во Србија кај кого е докажано присуство на новиот коронавирус, јавуваат српските медиуми. Тој во моментов е во изолација, а „Блиц“ јави дека има температура од 37,4 и се чувствува добро. Весникот наведува дека човекот неодамна дошол од Унгарија. Тој пријавил симптоми слични на Ковид-19 по […]

Ана Винтур претпазлива: Најмоќната жена во модата во самоизолација


САД- Ана Винтур (70), легендарната главна уредничка на американскиот „Вог“ работи од дома во обид да се самоизолира по враќањето од Модната недела во Милано, пренесува „Њујорк пост“. Таа не покажува никакви симптоми, но презема мерки на претпазливост заради ширењето на коронавирусот во Италија, изјави портпарол за „Пост“. Винтур, воедно и уметнички директор на Конде […]

Уживам да изгледам добро: Били Портер откри зошто се облекува како жена


САД- Актерот Били Портер е веројатно на врвот на својата моќ. После две децении кариера како ѕвезда на Бродвеј – особено во „Ангели во Америка“ и „Кинки чизми- тој го најде успехот и како писател и режисер. Портер, по освојувањето на наградите Еми, Греми и Тони,  ја најде својата најмасовна фан-база до денес, по улогите […]

Грците повеќе загрижени за мигрантското прашање, отколку за коронавирусот


Грција– Загриженост за ставот на Турција во грчко-турските односи изразуваат 84 отсто од Грците, за мигрантското/бегалското прашање 83 отсто, додека, пак, за коронавирусот загриженоста е двојно помала, односно 42 процента, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Сепак истражувањето било спроведено […]

Пленарната мартовска сесија на ЕП наместо во Стразбур ќе се одржи во Брисел поради коронавирусот


Франција– Пленарната мартовска сесија на Европскиот парламент ќе се одржи во Брисел, наместо во Стразбур, поради коронавирусот, јави дописникот на МИА. – Добив прецизен медицински извештај за ширењето на Ковид-19, во кој се известува дека здравствените ризици се сметаат за значително поголеми доколку пленарната седница на Собранието се одржи во Стразбур. Пленарната сесија ќе се […]

Шкријељ: Секој пензионер за една година ќе добие дополнителни 9.000 денари


Санела Шкријељ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ и градоначалникот Драган Анастасов синоќа се сретнаа со пензионерите од Пробиштип. На средбата разговараа за подобрувањето на пензионерскиот стандард, но и за други актуелни прашања што ги засегаат повозрасните граѓани. “За две и пол години, односно за не цел мандат со водење на […]

Исплачи се, ќе ти биде полесно: Работи кои многумина не ги знаат за солзите


Со векови, луѓето мислеле дека солзите се создаваат во срцето, а современите студии покажаа дека со плачењето се лачи окситоцин и ендорфин, хемикалии кои нè прават да се чувствуваме подобро. Човечкото тело произведува три различни видови на солзи, вклучувајќи ги и базалните кои го навлажнуваат окото, рефлексивни, како одговор на иритација и емоционални кога ќе […]

Сведоци на Боки 13 ќе сведочат за „Рекет“


Последните сведоци предложени Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинет во случајот „Рекет”, треба да бидат сослушани на денешното рочиште за овој судски предмет. На последното рочиште сведочеа стилистот Сергеј Варошлија, сопственичката на оптика Марија Јанковска и сопственикот на галерија Алекс Кртов. Требаше да бидат сослушани и Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јовче Ременски, но беа […]

И принцезите грешат: 17 кралски моменти кога двапати е облечен ист фустан


Kралската мода е многу специфична. Протоколот бара високи членови на европските кралски семејства да се облекуваат во таков стил што е и шик и скромен. Секако, многу од овие принцези, од Кејт Мидлтон до принцезата Софија, па дури и кралицата Максима и принцезата Шарлин, повторно и одново се обраќаат кон истите дизајнери, а секој толку […]

Медицински сестри во Софија прогласија граѓанска непослушност


Бугарија– Пет медицински сестри цела ноќ останаа во зградата на Народното собрание на Бугарија откако синоќа се забарикадираа со салата каде заседава собраниската Комисија за здравство и прогласија граѓанска непослушност. Како што јави Бгнес, во моментов тие се излезени на прозорец на зградата и одбиваат да влезат внатре затоа што им била исклучена струјата. Бугарското […]

Облачно и ветровито, од попладне дожд


Врнежи од дожд во западните и северните делови од земјава се очекуваат од денеска попладне. На планините врнежите ќе бидат од снег. Претпладне времето ќе биде облачно со утринска температура од -5 до 1 степен и дневна од 6 до 17 степени. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повардарието […]

Земјава со еден потврден случај на коронавирус, епидемиолозите предлагаат собири да нема уште 7 дена


Во земјава засега останува само една пациентка заболена од коронавирусот. Најновите случаи со двајцата странски државјани се негативни, но предлогот на епидемиолозите е да продолжи уште една недела препораката за неодржување на масовни јавни собири и спортски натпревари без публика. Од Министерството за здравство вчера излегоа со информација дека тестовите кај двајцата странски државјани, едниот […]

Здравјето пред сѐ


ЛЕЈЛА САБИТ Го земаме здраво за готово, како свежо исцеден сок наутро или кратко еспресо од нога. Се будиме со мислата дека сме живи и здрави уште еден ден, па можеме да почнеме со трката со времето, обврските, паузите за кафе, долгите состаноци, малите задоволства и на крај дружењето со семејството и пријателите. Сѐ мериме […]

Церемониите околу олимпискиот оган во Грција нема да се одложат поради коронавирусот


Грција– Церемонијата за палење на олимпискиот оган на 12 март 2020 во античка Олимпија, штафетното предавање низ 31 грчки град и церемонијата во Атина за предавање на организаторите на летните Олимписки игри во Токио, нема да се одложат поради коронавирусот, соопштија од грчкиот Олимписки комитет по денешниот состанок, јави дописничката на МИА од Атина. На […]

Од коронавирусот закрепнале околу 54.000 лица


Швајцарија– Од коронавирусот досега закрепнале повеќе од 53.972 лица низ светот, се наведува на сајтот Ворлдометарс, кој користи податоци од светски службени и новински агенции. Со новиот коронавирус досега се заразиле 96.779 лица, а моментниот број изнесува 39.499, од кои 84 отсто (33.078) имаат полесен облик на болеста, а 16 отсто (6.421) се наоѓаат во […]

Федерер ја минува 750-та недела во топ 3 на АТП листата


Швајцарија– Роџер Федерер ја минува 750-та недела како дел од топ 3 на АТП листата. Далеку зад него на таа листа се Рафаел Надал (602 недели), Џими Конорс (591), Новак Ѓоковиќ (571) и Иван Лендл (499). Федерер само неколку пати во последните 17 години беше под третата позиција на светската ранг листа. Првиот пат се […]