Славниот новинар Андерсон Купер стана татко со помош на сурогат мајка


САД– Славниот новинар Си-Ен-Ен, Андерсон Купер (52) стана татко со помош на сурогат мајка. Неговиот син го носи името на татко му, Вајат Морган Купер.

Водителот ја откри веста за време на на неговото шоу Андерсон Купер 360 °.

„Вајат е сладок, здрав и јас сум на среќен“, рече гордиот татко во својата емотивна објава за Си-Ен-Ен.

„Тој го носи името на татко ми, кој почина кога имав десет години“, објасни Купер. “Се надевам дека можам да бидам добар татко каков што тој беше. Средното име на мојот син е Морган. Тоа е име на семејството од мојата мајка. Знам дека на мајка ми и тато ми ќе им се допаднеше името“.

Купер сподели дека никогаш не мислел дека ќе се најде во улога на родител.

„Како геј , никогаш не мислев дека е можно да се има дете и благодарен сум на сите лекари и медицинските сестри и сите вклучени во раѓањето на мојот син“, напиша тој. “Најмногу од сè, јас сум благодарен на сурогат мајката која го носеше Вајат со љубов.

Мојата сурогат мајка има свое убаво семејство. Моето семејство е благословено што го има ова семејство во нашите животи.”

Лани, Купер го наследи имотот на неговата мајка, славната Глорија Вандербилт.

Богатството на Вандербилт, која почина од рак на желудникот на 95-годишна возраст, беше проценето од „Пејџ сикс“ на вредност од 200 милиони долари.

Кога таа наполнила 21 година, наследничката на моќниот Вандербилт и моден претприемач наследила повеќе од 4 милиони долари – остатокот од штедниот фонд за неа, кој бил веќе малку потрошен од нејзината мајка.

Глорија Вандербилт, манекенка уште од 14 години, а потоа и модна икона, беше предмет на жесток спор за старателство на 10-годишна возраст, поради кој ја нарекуваа „кутрата богата девојка” која „очајно копнеела” по љубов и семејство, рече Купер на настан во нејзина чест по нејзината смрт.

Таа има четири брака позади себе, најпрво била во брак со холивудскиот агент Пат ДиКико, кога имала 17 години, а потоа и со Леополд Стоковски, кога таа имала 21 година, а тој имал 63 години.

Бракот траеше една деценија, а потоа се венча со нејзиниот трет сопруг, холивудскиот режисер Сидни Ламет.

Таткото на Купер, Вајат Купер, беше нејзиниот последен сопруг. Имале уште еден син, Картер Купер, кој се самоубил фрлајќи се од балконот на нејзиниот стан на 14-тиот кат во 1988 година.