Принцезата Шарлот полни 5 години, станува вистинска убавица


Англија- Принцезата Шарлот, средното дете на принцот Вилијам и Кејт, војводата и војвотката од Кембриџ, наполни 5 години.

За да го прослави нејзиниот роденден денес, мама Кејт сподели четири нови фотографии на Шарлот, која стана позната по нејзината фотогеничност пред објективите.

Фотографиите на Шарлот се направени минатиот месец од војвотката Кејт на имотот Сандригам, каде војвотката од Кембриџ помогна да се спакуваат и испорачуваат пакетите со храна за изолирани пензионери во локалната област, според објавата на палатата Кенсингтон.

Шарлот и нејзините браќа, принцот Џорџ (6) и принцот Луис, кој минатиот месец наполни 2 години, и нивните родители, престојуваат во нивниот дом Анмер Хол во Норфолк, по наредбите за престој дома издадени од владата на Велика Британија заради коронавирусот.

Вилијам и Кејт дома ги школуваат Џорџ и Шарлот, иако двете деца посетуваат Thomas’s Battersea, приватно училиште во Лондон. Училиштето се префрли на виртуелно учење минатиот месец, во исто време кога британскиот премиер Борис Џонсон нареди да се затворат сите училишта во земјата заради пандемијата.

Војводата и војвотката од Кембриџ разговарале на Би- Би- Си минатиот месец за тоа како е да се имаат сите три деца дома со полно работно време додека училиштата се затворени.

„Децата се прилагодија, не знам како искрено“, рече таа. Цел ден се со обврски, ама не се жалат, вели Кејт Мидлтон.

Минатиот месец, Вилијам и Кејт споделија видео од Џорџ, Шарлот и Луис како им ракоплескаат на здравствените работници кои се во првите редови на пандемијата на коронавирус.