(Видео) „Квин“ со нова верзија на хитот„ We Are The Champions“ во чест на здраствените работници


САД– Queen + Адам Ламберт мораа да ја одложат нивната рекордна турнеја Rhapsody до 2021 година поради пандемијата COVID-19, но тие не дозволија тоа да ги спречи да се обединат во борбата против короната. Бендот создаде нова верзија на „ We Are The Champions  насловена “You are The Champions,” заедно со музичко видео, во корист на Фондот за солидарност на Светската здравствена организација.

-Исто како што ги испративме нашите млади мажи и жени во две светски војни да се борат, овие млади мажи и жени сега се борат за нас и ги ризикуваат нивните животи секој ден “, вели гитаристот на Queen Брајан Меј за „Ролинг Стоун“. „Ова е она за што пееме во оваа песна која стана глобална химна. За сите што работата во првите борбени редови  и го загрозуваат својот живот. “

Бендот се засолнил во нивните домови по концертите во  Австралија, во рамките  на турнејата Rhapsody која годинава предвреме заврши на 29 февруари.

„Не сум ги видел моите деца или внуците околу три месеци“, вели Меј. „Чувството на губење на слободата и губење на сопственоста на вашиот живот е доста болно. Неколку денови мислам дека сум во ред и можам да се справам со ова, а некои денови се чувствувам многу очајно “.

За да го помине времето, Меј започна да објавува домашни концерти на неговата страница на Инстаграм. Тие наскоро прераснаа во упатства за гитара и нешто што тој го нарече #JamWithBri каде ги покани обожавателите да додадат свои делови на неговите композиции. „Единствената платформа што ја имав, во извесна смисла, беше Инстаграм“, вели тој. „Не можам да влезам во моето студио, бидејќи е на село, а јас сум во град“.

Тој ги покани тапанарот на Queen Роџер Тејлор и Адам Ламберт една вечер да се приклучат на забавата. И така ја создале новата верзија на песната.

Искуството го враќа умот на Меј во моментот во 1977 година кога Фреди Меркјури за прв пат го претстави хитот пред бендот.

„Сите се сомневавме“, вели Меј. „Рековме, Фред, дали си  сигурен во ова? Зар ова не звучи големо? “, ,„ Не биди смешно. Станува збор за сите. Така сите треба да се чувствуваат, ни рече Фред и имаше право.

„Сметам дека целиот проект многу емотивно влијание. Се уште имам грутка во грлото“, вели Меј.