(Видео) Меган шири зборови на надеж среде коронавирус


САД– Војвотката од Сасекс, која е во карантин со принцот Хари и синот Арчи во нивниот нов дом во Лос Анџелес, повторно беше во фокусот на јавноста со видео и порака на веб-страницата на здружението „ Smart Works “,  чиј патрон е, еден месец откако таа и Хари се повлекоа од кралското должности и го напуштија  Лондон за Северна Америка.

Меган прифати да соработува со „ Smart Works “, лондонска организација која им помага на невработените жени да се подготват за интервјуа за работа, а сега во време на короната, да ги изненадат своите клиенти со зборови на охрабрување преку видео.

„Беше таква чест да се сретнеме и учиме од толку многу талентирани жени во мрежата Smart Works “низ годините, а неодамна да се види неверојатната работа што ја прават за да ги прилагодат своите програми со реалноста на оваа пандемија“, се вели во пораката на Меган на веб-страницата под наслов „Порака од нашиот патрон“.

„Нивната способност да продолжат да ги охрабруваат жените и да им помогнат да ја искористат довербата што им е потребна за да успеат во ова време е инспиративна“.

Меган Маркл (38) стана кралски покровител на „ Smart Works “ во јануари 2019 година. Во септември истата година, во првиот официјален јавен ангажман откако го роди Арчи, ја започна својата прва модна капсулна колекција за хуманитарната организација.

„Во текот на оваа (пандемична) криза, Војвотката постојано одржува контакт со организациите чиј патрон е , за да  понуди континуирана поддршка“, се вели во изјавата на нејзиниот тим за односи со јавност во Лос Анџелес.

Во краткиот извадок од видео повикот, Меган се гледа како носи џемпер со неколку златни ѓердани околу вратот. Таа зборува со една млада жена која не е идентификувана, но се подготвува да се занимава со стажирање поврзано со психологија.

Хари и Меган не се присатни многу често во јавноста, бидејќи заминаа за Канада кон средината на март, а потоа се преселијале во Лос Анџелес, каде е родена и израсната.

Нивната тековна правна војна со големите британски таблоиди се пресели во нова фаза откако двојката објави дека повеќе нема да соработуваат со четири таблоидни групи на весници, заради „искривените, лажни “ приказни.

На 6 мај нивниот син, Арчи Харисон Монтбатен-Виндзор, ќе наполни 1 година, а нивните обожаватели очекуваат дека ќе го следат кралскиот обичај и ќе објават барем една слика на детето, кое не е видено во јавност од нивната турнеја во јужна Африка минатата есен.