Најавените автобуски билети за едно возење се уште ги нема


И покрај најавата од  градските власти  дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, билети се уште нема на оптек. Од  ЈСП немаат објаснување за ова доцнење, освен дека 300.000 хартиени електронски билети, 400 нови валидатори за картичката „Скопска“ и мобилна апликација, треба да се изработат од „Македонски Телеком“ со …

Најавените автобуски билети за едно возење се уште ги нема Read More »

Билборд: Мараја Кери е најпродавана пејачка на сите времиња


САД– Кралицата на Божик Мараја Кери сега е најголема поп-ѕвезда меѓу пејачките на сите времиња, според Билборд. Во чест на нивната 125-годишнина, магазинот го објави својот официјален пласман во на 125 најголеми музички изведувачи на сите времиња, засновани на наслови од табелата на песни „Билборд Хот 100“, како и на табелата со албуми „Билборд 200“. …

Билборд: Мараја Кери е најпродавана пејачка на сите времиња Read More »

Кајли Џенер го продаде козметичкиот бренд за 600 милиони долари на Coty Inc.


САД- Кајли Џенер го продаде својот дел во својата компанија „Kylie Cosmetics“ за 600 милиони долари на Coty Inc. Така Coty стекна 51% од контролниот удел во компанијата која Кајли ја основа на само 18 години. The Wall Street Journal пишува дека Кајли и понатаму ќе остане заштитно лице на брендот кој ќе биде преименуван …

Кајли Џенер го продаде козметичкиот бренд за 600 милиони долари на Coty Inc. Read More »

Министерот Исмаили ќе се обрати на 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО


Министерот за култура Хусни Исмаили престојува во Париз, Франција, каде што ќе учестува на Форумот на министри за култура на тема: „Културата и наследството, обновливи енергии за дијалог и мир“, кој се одржува во рамките на 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО. Предвидено е денес министерот за култура Исмаили да има свое обраќање на …

Министерот Исмаили ќе се обрати на 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО Read More »

Конкурсот поништен: Бени Шакири не стана директор на МКЦ


Конкурсот за директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје е поништен, рече градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање. Мандатот на досегашниот в.д директор Арсов е продолжен со уште една одлука на градоначалникот. По поништувањето на конкурсот, градоначалникот Петре Шилегов не кажува кога ќе биде распишан нов конкурс. На конкурсот беа пријавени музичарот Бени …

Конкурсот поништен: Бени Шакири не стана директор на МКЦ Read More »

Мишел Обама во Смитсонијан: Лимон жолто на Schiaparelli за блескав изглед


САД- Жолтата отсекогаш била клучна боја во гардероберот на поранешната Прва дама. Таа честопати се определува за потемни нијанси, но за галата на Лин-Мануел Миранда во Националната галерија за портрети на Смитсонијан, таа одбра лимон нијанса. Свилениот фустан со кристали беше од култниот бренд Schiaparelli од есенската / зимска линија на брендот, специјално изработен за …

Мишел Обама во Смитсонијан: Лимон жолто на Schiaparelli за блескав изглед Read More »

Роденденски концерт на Филхармонија со кинеската пијанистка Зи Зи


По повод 75 годишнината од формирањето, Филхармонија в четврток ќе одржи симфониски концерт симболично насловен „Среќен роденден“ на кој како солист ќе настапи исклучителната кинеска пијанистка Зи Зи. Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а на програмата се Концертот за пијано и оркестар од Јоханес, „Фантазија корале“ од Томислав Зографски и варијациите „Среќен роденден“ од …

Роденденски концерт на Филхармонија со кинеската пијанистка Зи Зи Read More »

Почина Тери О’Нил, фотограф на славните и екссопруг на Феј Данавеј


Англија- Тери О’Нил, британскиот фотограф познат по неговите познати фотографии на славни личности во 60-тите и 70-тите години и неговиот брак со Феј Данавеј, починал по долга борба со ракот на простата, на 81 година, во својот дом. Агенцијата ОН Нил изјави за Би-Би-Си дека има рак на простата и починал дома во саботата навечер …

Почина Тери О’Нил, фотограф на славните и екссопруг на Феј Данавеј Read More »

„Џокер“ со заработката влезе во клубот на милијардери


САД- Филмското остварување на режисерот Тод Филипс „Џокер“, со Жоакин Феникс во главната улога, во текот на овој викенд ја надмина заработувачката од една милијарда долари, што е прв филм со оценка R во историјата да го постигне тоа. Ова е трет филм инспириран од стриповите на DC Comics кој успева да ја надмине заработувачката …

„Џокер“ со заработката влезе во клубот на милијардери Read More »

Mинистерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде во посета на Македонија


Денеска, министерката за надворешни работи на Кралство Шведска, Ан Линде ќе престојува во посета на Република Северна Македонија. Линде ќе биде пречекана од својот домаќин, министерот за надворешни работи  Никола Димитров, додека во рамки на посетата ќе биде примена и од претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, а ќе се сретне и со вицепремиерката …

Mинистерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде во посета на Македонија Read More »

Дегустација, мода и сеир на Фестивалот на младо вино во “Тиквеш“


Некој вино, некој љубов, а некој сеир, славеа гостите викендов на јубилејниот, 10. Фестивал на младо вино во “Тиквеш“, на првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба. Веќе десет години е престиж да бидеш поканет и да дегустираш врвни вина на овој прв и единствен од ваков вид во земјава фестивал кој има …

Дегустација, мода и сеир на Фестивалот на младо вино во “Тиквеш“ Read More »

Почина оскаровецот Бранко Лустиг, продуцентот на „Шиндлерова листа“ и на „Гладијатор“


Хрватска- Најпознатиот хрватски продуцент Бранко Лустиг почина во Загреб, пишуваат хрватските медиуми. Лустиг почина на 87-годишна возраст, а причината за смртта сè уште не е позната. Освен што беше најпознат хрватски продуцент, Лустиг е и двоен добитник на Оскар за филмовите “The Schindler’s List” од 1993 година и “Gladiator” од 2000 година. Роден е во …

Почина оскаровецот Бранко Лустиг, продуцентот на „Шиндлерова листа“ и на „Гладијатор“ Read More »

Азиска премиера на „Врба“ : Во Тајпеј редици за автограм од Манчевски 


Час и половина чекаше тајванската публика во 20-метарска редица за автограм од режисерот Милчо Манчевски. Салите беа преполни и во тајванските медиуми имаше голем одглас азиската премиера на „Врба“ на филмскиот фестивал Златен коњ (Golden Horse) во Тајпеј, Тајван, еден од најголемите фестивали во Азија. Манчевски е автор во фокусот на фестивалот, и покрај премиерата …

Азиска премиера на „Врба“ : Во Тајпеј редици за автограм од Манчевски  Read More »

Меланија отмена во бебешко син капут: Висока штикла за Ердоган


САД– Меланиа Трaмп носеше еден од нејзините омилени модели на чевли, бидејќи таа и претседателот Доналд Трамп ги поздравија турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине во Белата куќа за широко критикувана посета. Трамп го поздрави Ердоган „среде двопартиска загриженост“ во врска со турските напади врз курдските упоришта во Сирија, јави USA Today. …

Меланија отмена во бебешко син капут: Висока штикла за Ердоган Read More »

Кардашијанс во скапа реклама: 30 милиони долари вредни дијаманти за мирис на KKW


САД– Ким, Кортни и Клое Кардашијан носат повеќе од 30 милиони долари вредни дијаманти за мирис на KKW. Сестрите Кардашијан се капат во дијаманти за гламурозната фото-сесија на KKW Fragrance. За да го промовираат своето трио парфеми со теми од дијаманти, за колекцијата на мириси KKW, која започна минатата недела, Ким, Куртни и Клое Кардашијан …

Кардашијанс во скапа реклама: 30 милиони долари вредни дијаманти за мирис на KKW Read More »

„Зад хоризонтот“ со Летисја Каста го затвара 18. Синедејс


Со доделување на наградите и проекција на филмот „Зад хоризонтот“ вечерва ќе биде затворeно oсумнаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“. Филмот „Зад хоризонтот“ ќе бида прикажан во кино Милениум со почеток во 20 часот.     ПРОГРАМА НА CINEDAYS ЗА 15.11.                КИНО МИЛЕНИУМ   20:00 ЗАД ХОРИЗОНТОТ *ГАЛА премиера режија: …

„Зад хоризонтот“ со Летисја Каста го затвара 18. Синедејс Read More »

Време е за млади таленти: Модна вечер со наградените од Институтот на Изет Цури


Што може да е поинспиративно за млади модни ентузијасти од директен допир со колевката на модата Париз ? Со таква мотивирачка цел Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ во рамките на своите студии секоја година ги наградува своите најдобри студенти со посета на градот Париз, преку  „Саемот за мода“ , музеи и други институции. Идејата …

Време е за млади таленти: Модна вечер со наградените од Институтот на Изет Цури Read More »

Федерер му одржа лекција на Ѓоковиќ за полуфинале во Лондон


Англија- Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон откако со 2:0 (6:4, 6:3) го победи Новак Ѓоковиќ. Иако има 38 години Федерер со уште еден неверојатен настап покажа дека може да прикажува настапи на највисоко ниво. Швајцарецот фуриозно влезе во мечот, а веќе во првиот гем пропушти брејк топка. Наредната брејк …

Федерер му одржа лекција на Ѓоковиќ за полуфинале во Лондон Read More »

На 22 ноeмври почнува вакцинацијата против сезонски грип


Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 22 ноември. Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 22-ри ноември. Од таму информираат дека се набавени 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, …

На 22 ноeмври почнува вакцинацијата против сезонски грип Read More »

Германија воведе задолжително вакцинирање пред упис во градинка и училиште


Германија- Германските власти предложија мерка со која вакцинирањето на децата против мали сипаници ќе биде задолжително, а за непочитување на законот се предвидени парични казни до 2,500 евра, одлучи Бундестагот. „Заштитата од мали сипаници е заштита на децата. Овој закон ги штити најслабите од зарази“, изјави германскиот министер за здравство Јенс Спан за време на …

Германија воведе задолжително вакцинирање пред упис во градинка и училиште Read More »