„Зад хоризонтот“ со Летисја Каста го затвара 18. Синедејс

Со доделување на наградите и проекција на филмот „Зад хоризонтот“ вечерва ќе биде затворeно oсумнаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“.

Филмот „Зад хоризонтот“ ќе бида прикажан во кино Милениум со почеток во 20 часот.

 

 

ПРОГРАМА НА CINEDAYS ЗА 15.11.

 

             КИНО МИЛЕНИУМ

 

20:00 ЗАД ХОРИЗОНТОТ

*ГАЛА премиера

режија: Delphine Lehericey

 

Лето, 1976 година. Европа поминува низ безмилосен топлотен бран и една од најлошите суши во историјата. На фармата на неговите родители, Гас (13), летниот распуст го поминува во читање стрипови, помагање на татко му, кој сета своја заштеда ја има вложено во современ кокошарник, и во игра со Мадо, дивото дете од селото. Но полека околу него, неговиот спокоен и познат универзум почнува да попушта под жештината… Мајка му, секогаш нежна и грижлива, почнува да поминува сѐ повеќе време со убавата Сесил, додека татко му е принуден сам да се справува со разорните последици на сушата. Гледајќи го уништувањето на неговото семејство, традиционалното земјоделство и патријархатот, Гас е принуден да порасне побрзо и да ја остави невиноста на детството зад себе…

 

http://cinedays.mk/mk/zad-horizontot-mk/

 

             КИНО ФРОСИНА

 

11:00 ГОСПОДИН МОЛ И ФАБРИКАТА ЗА ЧОКОЛАДО

*Детска програма*

режија: Manuel Flurin Hendry

 

Мол останува сам дома со децата за време на викендот и следи вистински хаос. Додека Мол работи прекувремено во фабриката за чоколадо, децата влегуваат во препирка со пакосните момчиња на соседот – настанува борба за шеќерна волна, домашни задачи и најпознатиот циркус за кучиња на светот.

 

http://cinedays.mk/mk/gospodin-mol-i-fabrikata-za-cokolado-mk/

 

13:00 КАРИРАН НИНЏА

*Детска програма*

режија: Thorbjorn Christoffersen, Anders Matthesen

 

Приказната е за Алекс, ученик што добива нинџа кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд. Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла со копчиња наместо очи е всушност жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да возврати на услугата, тој открива дека нинџа куклата е опседната и дека тој има мисија да ја одмазди.

 

http://cinedays.mk/mk/kariran-nindza-mk/

 

             ПРИДРУЖНА ПРОГРАМА

 

23:00 | cinEmusic во МКЦ

Диџеј сет на Филип Пајдаков и Џано Куч – FilDzan.

*влезот е слободен.

http://cinedays.mk/mk/fildzan-dj-set-mk/