Сончево, со температура до 22 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а по одделни котлини се очекува појава на утринска магла. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер. Температурите ќе се движат во интервалот од 0 до 22 степена. Во Скопје слично време со температура до 19 степени. Под влијание на антициклон, и во наредниот период во државава времето […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Бидете среќни! Една фаза во вашиот живот завршува и сега е добро да го погледнете светот со нови очи – сетете се дека вашите напори не се залудни, бидете доследни и верувајте во себе. Се појавува некоја личност која што ќе ви помогне да ги отстраните финансиските тешкотии – тоа е приоритет сега. БИК: Планетите во […]

Мовембер


Лејла Сабит Биди машко, па оди на преглед. Не пуштај само мустаќи, туку подигни ја свеста. Знаеш ли, ова е месец на машкото здравје, и сите останати 335 дена. Не е сè во изгледот, здравјето пред сè. Кога си млад, не знаеш, во зрелите години ќе дознаеш. Културата на здравјето и на живеењето се учи […]

Здравко Чолиќ за „Независен“ : Во Македонија се чувствувам како дома


Балканската поп-ѕвезда Здравко Чолиќ (67) е поп-феномен на Балканот. Сè уште снима хитови и спотови, држи концерти кои се секогаш распродадени, изгледа одлично, брчките можат да му се избројат на прсти. Не е скандалозен тип, слободното време го минува со семејството и пријателите, сам ја избира гардеробата и открива дека за да бидете во топ-форма […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е важен период во вашиот живот, кога сè е можно, од авантури, силни емоции, до важни случувања. Ако прашувате за веќе оформените врски, сè си е во свое време, а доколку ве интересира работа, добро е да покажете лојалност и потоа ќе бидете помогнати да ги развивате својата личност и судбина. БИК: Можни кавги кои […]

Моден викенд-Скопје со повик до дизајнерите: Бидете дел од „Обединета мода“


Ако сте дизајнер од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Турција и Вашата цел е меѓундародна презентација и развој на брендот, тогаш Вашето место е на шоурумот „Обединета мода“ . Моден викенд Скопје кој е дел од интернационалното здружение кое го реализира проектот „Обединета мода“ (Унитед […]

Дорис Пак: Неприфатливо е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон осумте пратеници кои гласаа за европската иднина на земјата


Дорис Пак, претседател на асоцијацијата на жени во Еврпската народна партија (ЕПП), на својот твитер профил синоќа твитна дека ЕПП не смее да го толерира однесувањето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон осумте пратеници кои гласаа за уставните измени, спротивно на ставот на партијата. „ Неприфатливо е осумте пратеници од ВМРО кои гласаа за договорот со […]

Ревија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“: Да се види и да се биде виден


Мал простор, многу публика, уникатна модна ревија? Синоќа, за ревијата „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“ во Музејот на Македонија, се бараше паркинг повеќе, место за стоење повеќе, и воздух за дишење. Кој не дошол еден час пред почетокот, не  е многу висок или има трпение, ревијата на домашните дизајнери можеше да ја гледа со […]

Мисија на ММФ ќе врши годишен преглед на македонската економија


Годишен преглед на македонската економија ќе спроведе Мисијата на меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман, која престојува во Македонија од денеска до 16 месецов. – Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта, информираше […]

Продолжува судењето за „27 април“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието. На претходните рочишта беа прегледани снимки од безбедносните камери во ходникот пред канцеларијата на спикерот Трајко Вељановски, ходниците што водат […]

Нови судски рочишта за „Топлик“ и „Титаник 3“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Топлик“ и „Титаник 3“. Во случајот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица. Според обвинението на СЈО, првоосомничениот […]

Сончево, можен е и локален дожд


За денеска синоптичарите велат дека ќе биде променливо облачно, претпладне претежно во јужните и југозападните делови ќе има и локални врнежи од дожд. Потоа продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината. Максималните дневни температури на воздухот следниот […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Се појавува ситуација во која ќе сакате да им се покорите на конвенциите на старите авторитети, но внимавајте да не зажалите подоцна. Подобро е да учите на своите грешки отколку да ги повторувате туѓите бидејќи така ќе се здобиете со искуства за кои нема да жалите подоцна. Ненадејни случки и патувања. БИК: Утрото укажува на можна […]

„Билборд“: Аријана Гранде е жена на годината


САД- Музичката индустрија годинава и оддава признание на Аријана Гранде. „Билборд“ ја именува 25-годишната пејачка за жена на годината. Во изјава, заменик претседателот на „Билборд“, Рос Скарано, посочува дека „Гранде постојано се залага за себе и за нејзините одлуки во свет кој често не е наклонет за таква сила кај млади жени”. Во изминатата година, […]

Мајкл Даглас доби ѕвезда во Холивуд


САД– Американскиот актер Мајкл Даглас за своите 50 години на холивудската сцена, доби своја ѕвезда на Патеката на славните, и тоа до онаа на неговиот легендарен татко Кирк. Даглас (74) е најпознат по улогата во филмот „Волстрит“ (1987), за која доби и „Оскар“, а играше и во околу 60 други филмови. На свеченоста тој  се […]

Нови рочишта за „Титаник“ и „Тотал“


Со слушање на преостанатите „бомби“ денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. На минатото рочиште во судницата беа пуштени педесетината снимки. Како и на претходните „бомби“, најчесто се слушаше гласот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, и тоа како договара авиони од Швајцарија и […]

Ревија на домашни дизајнери во Скопје: „Made in Macedonia: „Почетоци и еволуција“


Вечерва, во 19 часот, во Музејот на Македонија ќе се одржи втората по ред ревија со домашни дизајнери „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“, во организација на „Добредојде Македонија“, поддржана од амбасадата на Франција во Македонија. Ревијата ќе ја отвори Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. Лани, ревијата, насловена „Современ дизајн накитен со […]

Ева ја замени Кејт во кампањата на „Јамамај“


САД- Славната манекенка на „Вондербра“-Чехињата Ева Херцигова е новата ѕвезда на кампањата на американскиот бренд за долна облека „Јамамај“. Херцигова рекламира долна облека од базичната линија наменета за сите жени и за сите пригоди. Удобна, квалитена, од природни материјали и уникатен дизајн. Ѕвезда на претходната колекција беше американката Кејт Аптон, прогласена од „Максим“ за најсексипилна […]

Студентски митинг против медиумската пропаганда и лажните вести


На платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе биде организиран студентски митинг под мотото „Не биди медиумска мета“ на кој ќе говорат студентите. Тие ќе испратат пораки против пропагандата, агресивното потрошувачко општество, отуѓувањето, рекламното тероризирање, жртвите на видеоигрите, лажните вести, агресивниот маркетинг, медиумскиот хаос во Република Македонија. – Митингот е со цел да […]

Сара Настеска од Охрид замина на лекување во Германија


Петнаестгодишната Сара Настеска од Охрид заедно со своето семејство отпатува за Германија каде ќе започне нејзиното лекување, овозможено благодарение на многу хуманитарни акции спроведени низ целата земја. Нејзиното семејство упати огромна благодарност до сите што помогнаа за реализацијата на целта – почеток на лекувањето на Сара, на која во август и беше дијагностицирана Anemia Aplastica, […]