Османи во посета на Португалија


Фото: Б. Грданоски
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Република Португалија во рамки на која ќе има средби со министерот за надворешни работи  Аугусто Сантос Силва и со претседателката на Комисијата за европски прашања на португалскиот Парламент, Регина Бастос.

На средбите, соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи ќе реферира за напредокот на земјата во европските интеграции, а во пресрет на Извештај на Европската Комисија. Посебен фокус ќе биде ставен и на поддршката од Португалија на европските интеграции на Северна Македонија, а во пресрет на јунските самити на Европската Унија.

Во рамки на работната посета на Португалија, вицепремиерот Османи в недела ќе учествува на Годишниот „Хорасис глобален состанок“ (Horasis Global Meeting ) што е еден од водечките светски собири за бизнис и политички лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата „Катализирање на придобивките од глобализацијата”. Османи ќе има обраќање на панелот посветен на предизивиците и перспективите на Европа и Европската Унија, насловен „2019, година на обнова на Европската Унија“ .

Фото: Б. Грданоски