Скопје филм фестивал: Пред-фестивалска ревија на шпански филмови


Пред годинашниов официјален почеток, Скопје филм фестивал, заедно со  Кинотека на Северна Македонија ве покануваат на пред-фестивалската ревија на шпански филмови со фокус на режисерските великани Луис Гарсија Берлaнгa, Карлос Саура и Луис Буњуел, насловена „СФФ Класик“. Ќе бидат прикажани вкупно 13 играни и документарни филмови.

Програмата е реализирана во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија. Автор на плакатот е Апостол Тноковски.

Ревијата ќе се одржи од денес до 10 април, во Кинотеката, а ќе почне денес  во 18 часот со документарниот филм Фламенко Фламенко на Карлос Саура.

Годинешното 22 издание на Скопје филм фестивал ќе се одржи од 17 до 25 април 2019 година.

Влезниците за филмовите се 50 денари.