Време е за млади таленти: Модна вечер со наградените од Институтот на Изет Цури


Што може да е поинспиративно за млади модни ентузијасти од директен допир со колевката на модата Париз ?

Со таква мотивирачка цел Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ во рамките на своите студии секоја година ги наградува своите најдобри студенти со посета на градот Париз, преку  „Саемот за мода“ , музеи и други институции. Идејата за непосреден увид  во изворот на модата е дел од планираниот едукативен процес на институтот. Како плод на постојаната успешна соработка, како и секоја година, престојот на годинешните наградени студенти : Мусли Каралити, Меланија Николоска, и Марина Карчевска е подржан од  „Францускиот иститут “во Скопје.

На 19 ноември токму излогот  на институтот ќе биде местото каде тројцата талентирани студенти ќе ги изложат наградените дизајни, а просторот од 18 часот, домаќин каде тие пред присутните  ќе ги споделат своите впечатоци , импресии и инспирации.