Претседателот на ЕП Дејвид Сасоли е во карантин


Белгија–  Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли најави дека ќе оди во самоизолација откако негов соработник со кој во контакт е со позитивен тест за Ковид-19. „Добро сум и немам никакви симптоми”, објави Сасоли на Твитер. „Во согласност со правилата, ќе бидам во самоизолација за потребниот период“, додаде тој.

Со новите тестови побрзо ќе се добиваат резултатите, лекот „Ремдесивир“ за болничко лекување, најави Филипче


Двеста и педест дополнителни термини за тестирање за Ковид-19 се пуштени и верувам дека со новите брзи тестови од 15 минути ќе се смени ситуацијата околу добивањето на резултатите од тестирањето, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. – На почетокот на минатата недела увидовме дека практично сите термини во понеделникот за цела […]

Лили Роуз-Деп најдобро носи Шанел: Од твид јакна до ѓердан на стомакот (видео)


Франција-Неколкумина избрани славни личности се собраа во Гранд Пале во Париз за да гледаат како Вирџини Виард ја презентираше својата трета колекција за облека за Шанел, откако ја презеде функцијата од починатиот Карл Лагерфелд во 2019 година. Додека ограничувањата за патување и упатствата за социјална дистанца, ги турнаа лојалните обожаватели на брендот далеку од модната […]

Студија: Како да го убиете коронавирусот за 20 секунди?


САД– Истражувањето утврди колку долго коронавирусот, кој предизвикува Ковид-19, може да живее на различни површини, како картон, пластика и метал. И сега, новата студија точно утврди колку долго може да живее на вашата кожа. Студијата, објавена во списанието „Клинички инфективни болести“, ја оцени стабилноста на САРС-КоВ-2 (научно име на коронавирусот) и вирусот на инфлуенца А, […]

Стефоска: Дел од културните проекти од ланските конкурси не се реализирани


Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес-конференција информираше дека дел од минатогодишните проекти од конкурсите за национален интерес во културата не се реализирани, посочувајчи дека во текот на последните две недели ги работат пресеците и анализите на реализираните, односно нереализираните проекти, и на средствата што им биле доделени како на националните установи, така и […]

Бигорскиот манастир крие богатство: Изложба во МАНУ на ретки предмети и одежди


По повод големиот јубилеј, 1000 години од основањето на манастирот Бигорски, Македонската академија на науките и уметностите денеска ја организираше изложбата „Од ризницата на Бигорскиот манастир“. Како што изјави денеска авторот на изложбата Сашо Цветковски, изложени се околу 30 дела – оригинални дела кои датираат меѓу крајот на 16 век и почетокот на 20 век. […]

„Врба“ во Москва, а во Луксембург ретроспектива на Манчевски


Реномираниот Московски филмски фестивал го прикажува „Врба“ на Милчо Манчевски на годинешното 42. издание. Филмот е селектиран во Мастерс програмата и беше прикажан на 7 октомври. Во исто време, фестивалот Синеист во Луксембруг прави мини-ретроспектива на Манчевски. Во специјалната програма Фокус на Манчевски, публиката во Луксембург ќе може во живо и онлајн да ги проследи […]

Шоубизнис принови: Меган Трејнор и Кели Роуланд се бремени


САД– Американската пејачка Меган Трејнор и нејзиниот сопруг Дерил Сабара, момчето ѕвезда од филмот „Деца шпиони“, го очекуваат своето прво дете. Меган во интервју за „Шоуто на Хода и Џена“ вели дека тие двајца „не можат да спијат“ од возбуда. Таа во повеќе наврати напомнуваше дека сака големо семејство. – Знаете како велам јас!? Ајде да […]

Кејт Мидлтон се враќа на кралските должности: Во сино ѝ е најпријатно


Aнглија-Војводата и војвотката од Кембриџ постепено се враќаат на кралските ангажмани. Вчера, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон им се придружија претседателот Володимир Зеленски и Првата дама Олена Зеленска од Украина на приемот во Бакингемската палата. Ова го означува првиот кралски ангажман во палатата по карантинот, потврдија од палатата за PA Media. За кралскиот состанок, војвотката […]

МАНУ домаќин на изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“


Изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“ денес напладне, ќе биде отворена во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите. Изложбата е по повод  јубилејот 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир. На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина иконописни дела од ризницата на манастирот, како и дела од применетата и графичката уметност од […]

Филмовите во Кинотеката ќе се прикажуваат во кино салата


Филмовите во рамки на програмата на Кинотеката од денеска ќе се прикажуваат во нејзината киносала. Од Кинотеката информираат дека задолжително e носењето лична заштитна опрема (маска) за сите посетители на киното, маската е задолжителна за цело времетраење на посетата на киното, во сите простории: хол, тоалет, кино сала за цело времетраење на проекцијата, задолжително е […]

Фуере: Заканите од Бугарија треба да ја загрижат ЕУ


Поранешниот амбасадор на ЕУ Ерван Фуере, во изјава за МИА вели дека заканите за блокирање на преговарачкиот процес со ЕУ од страна на Бугарија треба да ја загрижи Европската унија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел по објавувањето на извештајот за реформскиот напредок на Македонија и другите земји од регионот, поранешниот ЕУ амбасадор […]

Њујорк Тајмс: Колку би ги чинел третманот на Трамп за коронавирус повеќето Американци


САД– Весникот „Њујорк Тајмс“ објави напис  „Колку би ги чинело повеќето Американци лекувањето за коронавирус ако беа третирани како американскиот претседател Доналд Трамп“. Ова е дел од истрагата на американскиот весник за трошоците за тестирање и третман на коронавирус во земјата, како и за тоа како пандемијата ја менува здравствената заштита во САД. Трамп помина […]

Музичарите и угостителите протестираат пред Владата (галерија)


Музичарите и угостителите денес со маски протестираат до 17 часот пред зградата на Владата , под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“. Не се согласуваат дека угостителските објекти се причина или може да бидат потенцијални жаришта за ширење на коронавирусот. Побројни се фолк-пејачите , меѓу нив фолк-ѕвездите Наум Петрески и Миле Кузмановски и кралот […]

Турскиот театар ја отвора сезоната со премиера на „Човек перница“


Турскиот театар од Скопје, утре, се враќа пред публиката по паузата поради корона кризата, со премиера на претставата „Човек перница“ . Претставата е работена по наградуваниот текст на ирскиот драматичар Мартин Мекдона, а ја режира Сибел Абдиу. „Човек перница“, е претстава која буквално манипулира со емоциите на публиката, преку трагични и комични дијалози, а се […]

Сонце или дожд


ЛЕЈЛА САБИТ Во Скопје, по сонце, доаѓа дожд, и по дождот, сонце. Како во природата, така и во животот. Понекогаш сте среќни, понекогаш несреќни, понекогаш сте во депресија, понекогаш сте под стрес, понекогаш сакате, понекогаш мразите, понекогаш сте еуфорични, понекогаш молчите, понекогаш сте храбри, понекогаш  кукавица. Ама никогаш не сте рамнодушни на тоа што се […]

Клубот на милијардерите во Германија порасна при корона-кризата


Швајцарија– „Клубот на супербогатите во Германија“ се зголеми за време на корона-пандемијата, а и нивното богатство е значително поголемо, покажуваат проценките на консултантската куќа ПВЦ и швајцарската банка УБС. И вкупната имотна вредност на милијардерите се зголеми, откако падна на почетокот на пандемијата на 594,9 милијарди долари, до крајот на јули. Така, бројот на овој клуб на […]

„Здравјето на конец“, документарен филм за горчливиот живот на текстилните работници во време на пандемија


Краткиот документарен филм „Здравјето на конец“ во продукција на Види Вака е вториот од серијата од шест мултимедијални приказни за граѓани кои се соочуваат со некакви предизвици во време на пандемијата предизвикана од Kовид-19. -Како е да се биде работник во фабрика во време на пандемија? Колку кризата од коронавирусот им го загорчи животот на […]

Предавање за Ковид 19 во Кабинетот на Претседателот


Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, вчеравечер се одржа предавање на тема “Ковид 19 – предизвици, подготовка за евентуален нов бран, досегашни искуства и лекување“. На настанот, како што информираат од Кабинетот на претседателот,  свои излагања имаа министерот за здравство Венко Филипче; Џихан Тавила, шефица на Светската здравствена организација во Скопје; […]

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава во Скопско


Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава ќе одржи проекции само во неколку скопски села, со почеток од 19 часот. Првата проекција е утре, во паркот во Драчево, а в петок во Радишани, во ОУ „Ацо Шопов“. В сабота ќе има проекција во Волково, во СРЦ „Бранители“, в недела во Горна Матка, а на 12 октомври во селото […]