Музичарите и угостителите протестираат пред Владата (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Музичарите и угостителите денес со маски протестираат до 17 часот пред зградата на Владата , под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“. Не се согласуваат дека угостителските објекти се причина или може да бидат потенцијални жаришта за ширење на коронавирусот. Побројни се фолк-пејачите , меѓу нив фолк-ѕвездите Наум Петрески и Миле Кузмановски и кралот на ромската музика Ферус Мустафов.

Фото; Б. Грданоски

Откако Владата  донесе мерки со кои се забранува гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, се ограничува јачината на музиката до 55 децибели и се намалува бројот на лица кои може да седат на една маса од 12 на 4, од Независната угостителска комора (НУК) во првата реакција најавија дека доброволно ќе ги затворат објектите на две недели.

Фото: Б. Грданоски

При образложувањето на новите мерки, од Владата се повикаа на епидемиолошките анкети кои укажале дека масовните собири со непочитување на протоколите се една од главните причини за зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19. Во прилог на тоа го посочија и податокот дека најголемо зголемување има кај популацијата од 20 до 30 години, а потоа и кај возрасната група од 30 до 40 години. Но, угостителите сметаат дека новите ограничувања нема да го намалат бројот на заболени, бидејќи само ќе ги мотивираат младите да најдат алтернативни решенија за дружење и забава, како што се групни собирања на приватни забави во домови и паркови, каде што ќе бидат надвор од контрола во однос на мерките за заштита.

 

Фото: Б. Грданоски

Засега не е извесно дали со песна ќе ги омекнат владините мерки, со оглед дека Владата го прифатила и укажувањето на Комисијата за заразни болести за потребата од преземање ригорозни мерки од надлежните институции во случај на прекршување на забраната. На владината седница инспекциксите служби добија овластувањa да затворат локал од 10-до 30 дена доколку се прекршуваат Ковид- протоколите.

Фото; Б. Грданоски

Со фото-галеријата на нашиот фоторепортер Борис Грданоски ви пренесуваме дел од атмосферата.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски