Шоубизнис принови: Меган Трејнор и Кели Роуланд се бремени


САД– Американската пејачка Меган Трејнор и нејзиниот сопруг Дерил Сабара, момчето ѕвезда од филмот „Деца шпиони“, го очекуваат своето прво дете.

Меган во интервју за „Шоуто на Хода и Џена“ вели дека тие двајца „не можат да спијат“ од возбуда. Таа во повеќе наврати напомнуваше дека сака големо семејство.

– Знаете како велам јас!? Ајде да ги направиме одеднаш. Сакам близнаци или тројка, вели пејачката.

Меган и Дерил се венчаа 2018 година.

Таа открива и дека на Божик, пред Нова година, ќе објави две нови песни. Новиот нејзин албум пак, под наслов „A Very Trainor Christmas” излезе на 30 октомври.

Поранешната членка на ар-ен-би групата „Дестинис чајлдс“, Кели Роуланд за списанието „Вомен’с хелт (Women’s Health), откри дека е бремена.

Таа притоа истакна дека мотивот за најновото интервју е тоа „да ги потсети луѓето“ оти животот вреди, во време на корона-пандемија. – …И тоа, особено кога си способна да имаш дете… Во февруари полнам 40 години. Многу ми е битно да се грижам за себе, вели Роуланд.

Со својот сопруг Тим Ведерспун, веќе го имаат шестгодишниот Титан.