МАНУ домаќин на изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“


Фото: Б. Грданоски

Изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“ денес напладне, ќе биде отворена во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите. Изложбата е по повод  јубилејот 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина иконописни дела од ризницата на манастирот, како и дела од применетата и графичката уметност од депоата на музејските институции. Автор на изложбата и на каталогот е д-р Сашо Цветковски, научен советник во Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ.

На свеченото отворање на изложбата, како што е најавено, ќе се обратат претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев и архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан.