Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава во Скопско


Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава ќе одржи проекции само во неколку скопски села, со почеток од 19 часот. Првата проекција е утре, во паркот во Драчево, а в петок во Радишани, во ОУ „Ацо Шопов“.

В сабота ќе има проекција во Волково, во СРЦ „Бранители“, в недела во Горна Матка, а на 12 октомври во селото Булачани, во ОУ „Наум Охридски“.

Како што соопшти Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“, предвидени се содржини за деца и за возрасни и неколку работилници и екоакции.

-Се гледаме на проекции под ѕвездите и ги каниме сите пријатели од Скопје и Скопско, кои сакале да нè посетат минатите години, а локациите им биле далечни, да ни се придружат и да ја почувствуваат сосема поинаквата магија на патувачкото кино на „МакеДокс“, стои во соопштението.

Притоа ќе се почитува Протоколот за организација на настани. Секој посетител треба да носи маска, влезот нема да биде дозволен без маски, ќе има дезинфекција на раце, на влез, за секој посетител и ќе се мери температура на влез, за секој посетител.

Патувачкото кино на „МакеДокс 2020“ е поддржано од Град Скопје.