Гледај филмови, учи и создавај: Проект „Филмска училница“ на Кинотека


Кинотека на Македонија започнува со проектот ФИЛМСКА УЧИЛНИЦА, проект за креативна едукација од областа на филмот и аудио-визуелното наследство наменет за ученици од средните училишта. Проектот започнува на 10 октомври, и ќе трае 10 недели. Проектот е замислен како интерактивна филмска училница, каде младата популација ќе може да се запознае со нематеријаното богатство, пред сè, […]

Почина Џони Неш, познат по евергринот I Can See Clearly Now (видео)


САД- Американскиот пејач текстописец Џони Неш, познат по безвременскиот реге хит I Can See Clearly Now (Сега можам да видам јасно) почина на 80-годишна возраст, неговиот син Џон Неш Трети потврди за порталот „ТМЗ“. „Тој беше прекрасен татко и семеен човек. Ги сакаше луѓето и светот. Ќе недостасува многу. Семејството за него беше сè”, изјави тој за […]

Романот „Излегов“ на отец Пимен ќе биде промовиран на Европската ноќ на литературата во Софија


Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска ќе се приклучи на деветтото издание на  Европската ноќ на литературата во бугарската престолнина. На настанот, кој ќе трае од 18 до 21.30 часот, македонскиот КИЦ во Софија во читателското гнездо MOVE.bg (ул. „Сердика“ 20, сп. 1, „Црвена сала“) ќе го претстави романот „Излегов“ на отец […]

Славниот гитарист Еди ван Хелен почина на 65 години (видео)


САД- Еди ван Хелен, еден од најпознатите рок-гитаристи и основач на рок-групата „Ван Хелен“ именувана по него и неговиот брат тапанар, почина денеска од рак. Тажната вест ја објави неговиот син Волфганг на Твитер. „Не ми се верува дека морам да го напишам ова, но татко ми Едвард Лодевијк ван Хален ја загуби долгата и […]

Фаучи повторно го демантира Трамп, овој пат за изјавата дека коронавирусот е ист со грипот


САД– Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи го негираше тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека коронавирусот е смртоносен исто колку и грипот. Тој потсети дека симптомите на овие две болести се слични, но дека штетата што коронавирусот ја предизвикува врз организмот е значително поразлична од онаа предизвикана од грип, пренесува телевиизјата Ен-Би-Си Њуз. Трамп претходно […]

Висока мода на Шанел: Златните години на Холивуд во Париз


Франција (Ројтерс) – Брендот „Шанел“ на пистата во Париз го донесе гламурозниот шмек на Холивуд, со раскошни фустани и препознатливиот стил на неговите костуми од твид. Моделите продефилираа и влегоа од гигантската буква „Шанел“, симболично лоцирана на  ридовите во Лос Анџелес до внатрешноста на изложбениот салон „Гранд Пале“ во Париз, додека гостите седнаа на столчиња […]

До крајот на денот повремени врнежи, и утре претежно облачно


Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен ветер од југозападен правец. Како што информира УХМР, утре се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од […]

Состојбата со Ковид-19 во Москва станува драматична


Русија – Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин предупреди денеска дека главниот град на Русија се соочува со се потешка ситуација, како што се шири коронавирусот. „Состојбата со Ковид-19 станува се потешка, дури и драматична, како што поминуваат деновите. Ние се приближуваме до бројките што беа кога бранот беше на својот пик. Бројот на хоспитализирани надмина 1.000 […]

Во Албанија поради Ковид-19 дневно во просек отсуствуваат по 80 наставници и 40 ученици


Албанија– Во Албанија во просек 80 наставници и 40 ученици дневно отсуствуваат поради Ковид-19, потврди Генералниот директорат за основно и средно обрзование. Според истот извор во првите две недели од почетокот на наставата во новата 2020/2021година, отсуствувале најмалку 5.000 ученици. Учебната година во Албанија на 14 септември почна за 430.00 основци и средношколци, од нив над […]

Скопје со најмногу заразени: Вирусот најмногу се шири во Аеродром, Карпош и Центар


Скопје се уште е на врвот на листата по бројот на активни преносители на Ковид 19. Од почетокот на епидемијата во општина Чаир беше забележан голем број на заразени лица со коронавирус. Бројот на активни случаи летните месеци достигна над 400. Но, со почитувањето на мерките, полека овој број се намали. Изминативе два месеца бројот […]

Извештај на ЕК: Србија со негативни оценки за изборниот процес, правосудството и фискалните реформи


Србија- Во новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Србија, во кој ТВ N1 имаше увид, Србија доби три негативни оценки: За изборниот процес, судскиот систем и фискалните реформи. Србија нема постигнато никаков напредок кога станува збор за изборните процеси или судскиот систем, додека умерен напредок е регистриран кога станува збор за борбата против корупцијата […]

Употребата на експериментални антитела ќе служи за борба против Ковид-19


САД– Употребата на експериментални антитела ќе служи за борба против Ковид-19, бидејќи група волонтери немаше никакви негативни последици по тестирањето. ГлаксоСмитКлајн и Вир биотехнологија во август почнале со тестирање на антитела кај пациенти кои заболеле од корона, во обид да спречат развој на болеста. Различни компании тестираат антивирусни лекови за борба против пандемијата. Во извештајот […]

Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Нефрологија позитивни на Ковид-19


Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Универзитетската клиника за нефрологија се позитивни на Ковид-19. Трите случаи не се од ист оддел на Клиниката, информираа за МИА од Министерството за здравство. Медицинската сестра, како што се посочува, е со лесни симптоми, а медицинскиот техничар е без симптоми на фебрилност и кашлица. Еден доктор е во […]

Вархеји утре во посета на Скопје


Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји утре престојува во посета на Северна Македонија. Ова денеска го најави на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој посочи дека Вархеји доаѓа во земјава, откако денеска е објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, но и економскиот план за Западен […]

МНТ jа почнува сезоната со претстава во чест на медицинските работници


Македонскиот народен театар преку соопштение ги поканува лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, Детската болница — Козле, епидемиолозите и матичните лекари, да ја гледаат првата претстава „Говорна мана“, по пауза од седум месеци поради пандемијата. Oд МНТ информираат дека претставата ќе се одржи на 14 октомври во 20 часот. […]

Објавена монографијата „40: ИФФК Браќа Манаки“


По повод 40 години од основањето на фестивалот „Браќа Манаки“ (уште минатата година) од печат излезе монграфијата „40: ИФФК Браќа Манки“ во издание на Кинотеката на Република Северна Македонија. Ова е прво поголемо издание кое одбележува јубилеј на овој фестивал кој е еден од ретките во светот што е тематски определен – фокусиран на филмската […]

Ликови кои опоменуваат: Ретроспективна изложба на Павле Кузмановски во Чифте амам


По долгиот период на карантински денови, отсуство на понуда на културна програма, изолација и мерки за социјална дистанца, во октомври месец настапуваме со исклучителна понуда на настани во Националната галерија на Република Северна Македонија, изјавува директорката д-р Дита Старова Ќерими. „Од многуте настани е и оваа ретроспектива. Ценејки дека публиката усвои нова култура при посета […]

Брук Шилдс манекенка и на 55 години, потпиша договор со IMG Models


САД– Брук Шилдс, 55-годишната актерка и модел, е желна повторно да започне со манекенство. Таа потпиша со IMG Models, а и таа и IMG објавија на Инстаграм дека ќе работат заедно. IMG ќе ја претставува во модниот простор. UTA продолжува да ја претставува за глума. Шилдс, која започна со манекенство како 11-месечно бебе за Ајвори […]

Почнува четвртфиналето на Ролан Гарос


Франција – На Грен слемот Ролан Гарос денес стартува четвртфиналната фаза во двете конкуренции. Кај тенисерите, 12-кратниот шампион Рафаел Надал ќе се соочи со 19-годишниот Јаник Синер, додека двократниот финалист Доминик Тим ќе игра против Диего Шварцман. Во женска конкуренција, најпрво ќе се одигра последниот меч од осминафиналето, а потоа Елина Свитолина ќе има дуел со […]

Со песна ќе ти кажам: Музичарите на протест пред Владата


Угостители, но и музичари и бендови кои поради рестрикциите се оневозможени да настапуваат во угостителски објекти, утре ќе протестират пред Владата Музичарите и угостителите не се согласуваат дека угостителските објекти се причина или може да бидат потенцијални жаришта за ширење на коронавирусот. Откако Владата завчера донесе мерки со кои се забранува гостување на пејачи и […]