Брук Шилдс манекенка и на 55 години, потпиша договор со IMG Models

САД– Брук Шилдс, 55-годишната актерка и модел, е желна повторно да започне со манекенство. Таа потпиша со IMG Models, а и таа и IMG објавија на Инстаграм дека ќе работат заедно.

IMG ќе ја претставува во модниот простор. UTA продолжува да ја претставува за глума.

Шилдс, која започна со манекенство како 11-месечно бебе за Ајвори Сапун, беше најмлад модел што се појави на насловната страница на Вог кога имала 14 години. Подоцна истата година, таа се појави во легендарната реклама за фармерки Келвин Клајн, со слоганот : „Сакате да знаете има  помеѓу мене и моите Келвинс? Ништо “. Таа започна со Форд Моделс и продолжи да станува едно од најпрепознатливите лица во САД преку нејзината манекенска работа. Таа веќе 20 години не се занимава со манекенство, па ова го означува нејзиното враќање на професијата од младоста.

Шилдс беше успешна и на филмското платно. Нејзината прва голема филмска улога беше „Pretty Baby“ на Луј Мал на само 12 години. Таа продолжи да снима филмови како „The Blue Lagoon“ и „Endless love,”  и ТВ-серии како  “Suddenly Susan,” “Law & Order: Criminal Intent,” “Lipstick Jungle,” и “Murphy Brown”,  како и главни улоги во шоуа на Бродвеј како „“Grease” и “Chicago Таа е исто така автор и гостин ко-водител на ток-шоуа.

Во 2018 година, Шилдс започна модна линија за QVC наречена Брук Шилдс Безвременска. Актерката се појави во етерот промовирајќи ги своите креации, кои ги разви со KBL Group International, производител на облека со седиште во Њујорк.

Манекенки за IMG биле најубавите жени како Лорен Хатон, Стефани Сејмур, Марија Шарапова, Криси Тајген, Меј Маск, Ирис Аффел, Карен Елсон и Паулина Поришкова.