Скопје со најмногу заразени: Вирусот најмногу се шири во Аеродром, Карпош и Центар


Фото: Б. Грданоски

Скопје се уште е на врвот на листата по бројот на активни преносители на Ковид 19.

Од почетокот на епидемијата во општина Чаир беше забележан голем број на заразени лица со коронавирус. Бројот на активни случаи летните месеци достигна над 400. Но, со почитувањето на мерките, полека овој број се намали. Изминативе два месеца бројот на заболение во оваа општина падна под 100.

Во моментов вирусот најмногу се шири во Аеродром, Карпош и Центар.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

Чаир – 60
Гази Баба – 105
Аеродром – 165
Карпош – 136
Центар – 157
Кисела Вода – 108
Ѓорче Петров – 70
Бутел – 37
Шуто Оризари – 17
Студеничани – 6
Сарај – 15
Арачиново – 5
Илинден – 34
Сопиште – 3
Чучер Сандево – 5
Петровец – 7
Зелениково – 3
Странец – 9
Нераспределен-3