До крајот на денот повремени врнежи, и утре претежно облачно

Фото: Б. Грданоски

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен ветер од југозападен правец.

Како што информира УХМР, утре се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната од 20 до 29 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во четврток ќе има локален дожд, претежно во западните делови, а ќе дува засилен северозападен ветер, кој ќе услови значително опаѓање на дневните температури. Потоа во нередните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен благ пораст.