Претседателот на ЕП Дејвид Сасоли е во карантин

Белгија–  Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли најави дека ќе оди во самоизолација откако негов соработник со кој во контакт е со позитивен тест за Ковид-19.

„Добро сум и немам никакви симптоми”, објави Сасоли на Твитер.

„Во согласност со правилата, ќе бидам во самоизолација за потребниот период“, додаде тој.