Лили Роуз-Деп најдобро носи Шанел: Од твид јакна до ѓердан на стомакот (видео)


Франција-Неколкумина избрани славни личности се собраа во Гранд Пале во Париз за да гледаат како Вирџини Виард ја презентираше својата трета колекција за облека за Шанел, откако ја презеде функцијата од починатиот Карл Лагерфелд во 2019 година. Додека ограничувањата за патување и упатствата за социјална дистанца, ги турнаа лојалните обожаватели на брендот далеку од модната писта оваа сезона, некои познати лица успеаја да стигнат до Авенија на Шанзелизе за да ја покажат својата поддршка – вклучувајќи ја и актерката од „Кралот“ и пријателка на Карл Лагерфелд – Лили-Роуз Деп (ќерка на Џони Деп).

Како што се очекуваше, Деп пристигна на шоуто од глава до петици во Шанел. Нејзиниот изглед, вклучуваше жешка розова твид-јакна, фармерки  со соодветни ленти од твид и златни сандали. Под јакната со потпис на брендот, таа носеше разнобоен твид градник и стомачен ланец.

Од горе до долу, сè што Деп избра за ревијата беше од крузер колекцијата на брендот за ‘21, што влезе во историјата како прва колекција на висока мода што беше претставена виртуелно по светската блокада заради пандемијата. Колекцијата првично требаше да биде прикажана на италијанскиот остров Капри, но, откако беше одложена од брендот, дебитираше еден месец подоцна дигитално.

На Деп и се придружија нејзината мајка, колега модел, актерка и муза на Шанел, Ванеса Паради, како и Каролин де Меигрет, Бланка Миро и Камил Хариере, сите исто така облечени во Шанел. Колекцијата, инспирирана златните години на Холивуд и филм, ги вклучи сите наши омилени детали од брендот, од твид и бисери до костуми со гранџ пресврт. „Оваа колекција е почит кон музите на Холивуд“, рече Виард во белешките на шоуто. „Некои од нив се далеку – одамна не ги видовме. Габриел Шанел и Карл Лагерфелд облекоа толку многу актерки во филмови и во реалниот живот. Размислував за нив кои не тераат да сонуваме толку многу. Но, без да сакам да реплицирам “. Покрај класиците, Виард на ревијата претстави и кежуал изглед- од маици, шорцеви до џемпери.

Во продолжение погледнете ја во целост пролетната колекција ‘21 на Шанел.