Дојче банк планира да ги прекине врските со Трамп по изборите


САД– Германскиот заемодавач Дојче банка се обидува да ги прекине врските со претседателот Доналд Трамп по изборите, изјавија денес за Ројтерс тројца високи функционери во банката. Дојче банка може да побара продажба или барање за отплата на околу 340 милиони долари заостанати заеми на Организацијата Трамп, се вели во извештајот. Врските на Трамп со Дојче […]

Затворен Парламентот во Данска поради заразени пратеници


Данска – Данскиот Парламент денеска го прекина усвојувањето на одредени закони и сите состаноци во Собранието, бидејќи неколку пратеници биле позитивни на коронавирусот, додека шестмина министри морале да се изолираат додека ги чекаат резултатите од тестот. Петмина пратеници изјавија дека се позитивни на вирусот, а шест министри мораа да се изолираат откако беа во контакт со заразените, […]

Марадона во болница заради проблеми со алкохолот


Aргентина– Легендата на Светскиот куп Диего Марадона е хоспитализиран во својата родна Аргентина , според извештаите на повеќе медиуми надвор од оваа јужноамериканска земја. Широко сметан за еден од најголемите играчи на сите времиња, освојувачот на Светскиот куп во 1986 година беше примен во болница во градот Ла Плата, каде што работи како менаџер на […]

Гарванлиев позитивен на корона, роденден славеше во самоизолација


Македонскиот пејач Васил Гарванлиев наврши 36 години, но, за жал, својот роденден го прослави во самоизолација, и тоа со торта во вид на коронавирус. Наместо да го прослави роденденот со своите најблиски во Струмица, Гарванлиев бил принуден сам да слави, во домашна изолација. Вели дека има лесни симптоми на болеста, а дека е позитивен на […]

Како терористот од Виена Кујтим Ф. стана радикален исламист


Австриската полиција соопшти дека еден од осомничените терористи во нападот во Виена бил по потекло од С. Македонија. Кујтим Ф. им бил познат на австриските власти од поодамна, а за него пишувале и медиумите во земјата   Кујтим Ф. е засега единствениот напаѓач во Виена чиј идентитет и е познат на пошироката јавност. Австриската полиција соопшти дека […]

Изборна ноќ во САД: Што треба да знаете додека Американците гласаат


Републиканецот Доналд Трамп или демократот Џо Бајден? Кој ќе биде следниот претседател на САД? ДВ прави преглед на она што треба да го знаете додека Американците излегуваат на гласачките места 1. Очекувајте рекордна излезност Одѕивот на гласачите во САД за претседателските избори е низок во споредба со многу други земји, а во последните години се движи […]

Од утре вечер дожд и постудено


Промена на времето со врнежи од дожд и намалување на дневните температури за неколку степени се очекуваат од утре попладне. Според метеоролошката прогноза, врнежите ќе почнат кон крајот на денот и ќе бидат повеќе застапени во западните и јужните делови. Врнежливо ќе биде и во четврток. Во деновите од викендот и во понеделник утрата ќе […]

Тараџи Хенсон ќе ги води Американските музички награди


САД– Американската глумица Тараџи П. Хенсон потврди дека ќе биде водителка на Американските музички награди – АМА, за 2020 година. – АМА-наградите ја обединуваат музичката заедница за да го прослават она што навистина ги придвижува сите уметници – обожавателите! Горда сум што ќе се појавам на сцената како домаќинка на овогодишната свеченост – исто така и како […]

Харисон Форд за Шон Конери: Тој е во рајот, сега игра голф


САД– Познатиот американски глумец Харисон Форд му оддаде почит на својот неодамна починат колега Шон Конери. Имено, тој се надева дека ако неговиот „драг пријател е во рајот, тој сега игра голф“. Двајцата заедно глумеа во филмот на Стивен Спилберг – „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, кога сер Шон го толкуваше таткото на главниот лик. […]

Мовембер


ЛЕЈЛА САБИТ   Биди машко, па оди на преглед. Не пуштај само мустаќи, туку подигни ја свеста. Знаеш ли, ова е месец на машко здравје, и сите останати 335 дена . Не е сѐ во изгледот, здравјето пред сѐ. Кога си млад, не знаеш, во зрелите годин, ќе дознаеш. Културата на здравјето и на живеењето […]

Починати се 21 лице, 565 нови случаи на Ковид-19


Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на Ковид-19 во: – Скопје 230 – Куманово 35 – Штип 13 – Прилеп 65 – Тетово 39 – Струга 1 – Велес 27 – Битола 15 – Охрид 3 – Кавадарци 10 – Гостивар 27 – Гевгелија 13 – Струмица […]

Тоти е позитивен на коронавирус


Италија– Скај Спорт Италија јави дека легендарниот играч на Рома, Франческо Тоти е пзоитвен на Ковид-19. Првите симптоми биле со температура, но за среќа не станува збор за тешка ситуација. Тоти е добро и е во изолација, тврди Скај Спорт од Италија.

Димитров и Османи во Берлин на разговори со Захариева за да се најде решение


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи престојуваат во посета на Берлин каде вечерва ќе имаат средба со министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева. Од Владата за МИА потврдија дека Димитров и Османи биле поканети од министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас и германскиот државен […]

Ксиаоми го истурка Епл од третото место во пазарот на паметни телефони


Кина– Кинеската компанија Ксиаоми стана трета во светот по малопродажба на паметни телефони во периодот јули-септември, со што го потисна американскиот технолошки гигант „Епл“, којшто сега испадна од првите три во светот, за првпат по 10 години. Според најновите податоци објавени минатата недела, Епл бележи пад на годишниот приход од 29% на кинескиот пазар. Ксиаоми […]

Јубилениот број на „Синтези“ посветен на Блаже Конески


Јубилејниот педесетти број на списанието „Синтези“ е посветен на делото на големиот македонски поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист Блаже Конески. Објавувањето на овој број е поддржано од Министерството за култура во рамките на програмата за проекти од национален интерес, и е во пресрет на прогласената година на Блаже Конески, по повод сто години […]

Џони Деп го загуби случајот против „Сан“


Англија– Џони Деп ја загуби тужбата против британскиот таблоид „Сан“ и главниот уредник Ден Вутон, којашто неколку месеци се водеше во Кралскиот суд на правдата во Лондон, Велика Британија. Во фокусот на тужбата беше напис објавен на интернет-страницата на списанието „Сан“ во април 2018 година, под наслов „Несовесно: Како може Џ.К. Роулинг да биде ’многу […]

Солун и Серес во целосен двонеделен карантин 


Грција – Во грчките градови Солун и Серес, од утре наутро се воведува целосен карантин, со дозволено движење за граѓаните само со испратена СМС порака, полициски час од 21 до 5 часот наутро, забрана за меѓународни и домашни летови, а единствено отворени ќе бидат само училиштата, јави дописничката на МИА од Атина. Новите мерки ќе бидат […]

Иванка Трамп – можно враќање во модниот бизнис


САД – Последните испитувања на јавното мислење околу изборите во САД,  посочуваат извесна веројатност дека сегашниот претседател Доналд Трамп може да ја загуби битката за втор мандат. Во таа смисла, неговата ќерка и „десна рака“ во изборната кампања – Иванка може да се врати на своите претходни обврски. Имено, таа уште 2007 година отпочна сопствена […]

Словачка: Тестирани 3,6 милиони лица, позитивни 38.359


Словачка– Повеќе од 3,6 милиони жители на Словачка се тестирани изминатиот викенд, а резултатите покажале дека 38.359, односно 1,06 отсто, се позитивни на коронавирус, изјави денеска словачкиот премиер Игор Матович. При тестирањето во Словачка, земја со 5,5 милиони жители, се користени антигенски тестови, кои даваат резултати за 15-30 минути, но се помалку сигурни од стандардните […]

Германски вирусолог: Пандемијата нема да стивне до Велигден


Германија – Германскиот вирусолог Кристијан Друстен не очекува брза нормализација на состојбата со Ковид-19, иако во Германија од денеска стапи на сила новата блокада. – Едно е сигурно: пандемијата нема да стивне до Велигден, изјави Друстен за германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, додавајќи дека „нашите животи ќе се променат на подобро најдоцна во текот на летото, но […]