Тараџи Хенсон ќе ги води Американските музички награди

САД– Американската глумица Тараџи П. Хенсон потврди дека ќе биде водителка на Американските музички награди – АМА, за 2020 година.

– АМА-наградите ја обединуваат музичката заедница за да го прослават она што навистина ги придвижува сите уметници – обожавателите! Горда сум што ќе се појавам на сцената како домаќинка на овогодишната свеченост – исто така и како обожавателка – па ветувам дека ќе биде електрифицирачка музичка вечер!, изјави ѕвездата на ТВ-сериите „Империја“ и „Скриени фигури“.

Претходно Дуа Липа го најави своето учество како настапувач на сцената.

Номинациите за АМА 2020 беа објавени минатиот месец. Пет од нив освои дебитантката Меган Ди Сталион – вклучително и категориите Нов уметник на годината и Соработка на годината. Натаму, Бад Бани, Џастин Бибер, Лејди Гага, Тејлор Свифт и номинираните за првпат – Да Бејби и Доџа Кет добија по четири номинации.

Свеченото доделување ќе се одржи на 22 ноември во Мајкрософт театарот во Лос Анџелес.