Починати се 21 лице, 565 нови случаи на Ковид-19


Фото: Б. Грданоски
Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на Ковид-19 во:
– Скопје 230
– Куманово 35
– Штип 13
– Прилеп 65
– Тетово 39
– Струга 1
– Велес 27
– Битола 15
– Охрид 3
– Кавадарци 10
– Гостивар 27
– Гевгелија 13
– Струмица 17
– Крива Паланка 6
– Радовиш 7
– Крушево 3
– Кочани 15
– Пробиштип 3
– Берово 5
– Валандово 3
– Виница 3
– Делчево 2
– Кратово 6
– Свети Николе 4
– Кичево 3
– Ресен 1
– Неготино 9
Починати се 21 лице, 6 пациенти од Скопје (45,52, 63, 67, 68 и 84г), пет пациенти од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83г), еден од Куманово (74г), двајца пациенти од Велес (83 и 89г), двајца од Богданци (75 и 85г) и по еден пациент од Битола (79г), Радовиш (71г), Прилеп (61г), Охрид (51г) и Штип (63г). Освен еден пациент кој е починат вон, сите други се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од:
– Скопје 58
– Штип 7
– Прилеп 9
– Тетово 6
– Струга 8
– Велес 7
– Битола 11
– Охрид 11
– Кавадарци 5
– Гостивар 6
– Струмица 9
– Кочани 5
– Пробиштип 2
– Демир Хисар 1
– Берово 1
– Валандово 2
– Виница 1
– Свети Николе 2
– Неготино 3
Досега во земјата се направени вкупно 253.173 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32997, бројката на оздравени пациенти е 21244, на починати е 1025, а бројот на активни случаи изнесува 10728.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 14272, активни 5042
• Куманово 2365, активни 466
• Дебар 346, активни 54
• Штип 1728, активни 306
• Прилеп 1441, активни 565
• Тетово 2332, активни 636
• Струга 837, активни 110
• Велес 843, активни 438
• Битола 740, активни 299
• Охрид 736, активни 258
• Кавадарци 548, активни 240
• Гостивар 1272, активни 259
• Гевгелија 416, активни 200 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 69 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1010, активни 568
• Крива Паланка 253, активни 101
• Радовиш 251, активни 90
• Крушево 32, активни 11
• Кочани 750, активни 223
• Пробиштип 212, активни 72
• Демир Хисар 85, активни 18
• Македонски Брод 106, активни 10
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 220, активни 56
• Валандово 111, активни 40
• Виница 190, активни 73
• Делчево 264, активни 109 (66 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 62, активни 32
• Свети Николе 494, активни 91
• Кичево 596, активни 191
• Ресен 254, активни 69
• Неготино 171, активни 93 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Најмногу активни случаи по општини во Скопје има во Аеродром 869, по што следат Карпош со 741, Центар со 668, Гази Баба со 650, Кисела Вода со 649, Ѓорче Петров со 402, Чаир 275,  Бутел – 266, Илинден 121, Шуто Оризари – 53, Сопиште 43, Сарај и Петровец  по 38, Чучер Сандево -28, Зелениково -16, Арачиново 10,  странци се 45, а 109 се нераспределени.

Направените 1325 теста се преку: ИЈЗ-610, ЦЈЗ Скопје-60, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -156, Жан Митрев (Филип Втори) -181, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-20, Инфективна клиника-15, ГАК-0, Синлаб-43, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-99, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 253.173 тестирања на Ковид -19.