Данас: Путин не доаѓа во октомври во Белград


Србија-Рускиот претседател Владимир Путин нема да го посети Белград во октомври, како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ во неколку наврати во последните месеци, дознава неофицијално весникот Данас од претставници на дипломатските кругови. Изворите на Данас тврдат дека Кремљ не открива зошто Путин се предомислил и се откажал од планираното патување, но посочуваат дека „на […]

Заострени мерки во Словенија по влошената епидемилошка состојба


Словенија – Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека во Словенија од денеска ќе стапат во сила заострени мерки против ширење на коронавирусот, кои вклучуваат учење на далечина, забрана за движење меѓу регионите, ограничувања на собири и задолжително носење маски на отворено во регионите кои се на „црвената листа“. Од 12 региони – седум се на „црвената […]

За само еден месец во Истанбул заразени над 50 отсто повеќе од Ковид-19


Турција –  Истанбул е зафатен од нов бран на епидемија на новиот коронавирус. За само еден месец, бројот на случаи во тој турски град е зголемен за околу 50 проценти, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Во септември, епидемијата достигна нов пик во главниот град Анкара, но од почетокот на октомври, бројот на заразени почна […]

Николовски: Борбата против корупцијата е врвен приоритет, ќе се кратат дискрециони права, бенефиции и привилегии


Доаѓа момент, узурпираните институции, кои системски беа уништувани со години, сега да влезат во еден процес на реорганизација на трансформација и на целосен сервис кон граѓаните, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во емисијата „Економски магазин“, на телевизијата АлсатМ. Николовски посочи дека преку неговата […]

Бајден и демократите собраа рекордни 383 милиони долари во септември за изборната кампања


САД– Кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден и неговата Демократска партија собраа рекордни 383 милиони долари за кампањата во Белата куќа. Кампањата сега има дури 432 милиони долари во готовина, според нејзиниот менаџер Џен О’Мали Дилан. Донациите за Бајден се зголемија откако тој обезбеди номинацијата на демократите. За време на првичните избори, поранешниот потпретседател […]

Во Скопје се снима краткиот игран филм со работен наслов „Зајко”


На неколку локации во Скопје деновиве се снима краткиот игран филм со работен наслов „Зајко”, кој е во македонско-хрватска копродукција а во режија на хрватскиот режисер и сценарист Марко Чавка и македонскиот режисер Бранко Попчевски. Сценариото е на Марко Чавка. Актерската екипа ја сочинуваат нашите актери Елизабета Клинчаревска Младеновска и Џенап Самет, како и децата- […]

Изложба „Фото-белешки од Норвешка“ од Драган Тодоровски


Изложба на фотографии насловена  „Фото-белешки од Норвешка“ од Драган Тодоровски ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во изложбениот салон на НЦУК „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Во текстот посветен на изложбата насловен Носталгија за Северот, амбасадорот Пајо Авировиќ посочува дека патувањето на кое, со својата изложба на фотографии, не повикува авторот побудува чувство на притаена […]

Американскиот магазин „Nature“ со поддршка за Бајден наместо за „опасниот“ Трамп


САД–  Научното списание „Nature“ го поддржа кандидатот на демократите за претседател на САД Џо Бајден, осудувајќи ги изјавите на претседателот Доналд Трамп за низа прашања, вклучувајќи го и неговиот „катастрофален“ одговор на пандемијата на коронавирусот. Магазинот соопшти дека е „незамисливо“ Трамп да се повлече од Светската здравствена организација (СЗО) среде пандемија, истовремено критикувајќи ја неговата […]

Македонските и бугарските историчари по речиси една година повторно на средба – нов обид за издигнување над политичкиот контекст


Македонските и бугарските историчари денеска по пауза од речиси една година повторно ќе се состанат за да го продолжат дијалогот, кој се води во рамки на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Десеттиот состанок на Комисијата, која е формирана со цел да најде заеднички јазик за […]

Нова станица за мониторинг на квалитет на воздух во Гевгелија


Во Гевгелија денеска ќе биде пуштена во употреба нова станица за мониторинг на квалитет на воздух.  Набавката на мониторинг станицата е реализрана во рамки на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот период“, финансиран од INTERREG IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и – Република Северна Македонија 2014-2020. Мониторинг […]

Османи ќе реферира за активностите на македонско-бугарското претседавање со Берлинскиот процeс


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на прес – конференција  ќе ги претстави преземените активности и организациски аспекти во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020 (БП-2020) и подготовките за завршниот Самит во Софија на 10 ноември 2020. Преземените и идни ангажмани во пресрет на состаноците и Самитот на Берлинскиот процес беше една […]

Лавров во посета на Хрватска на 27 октомври


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја посети Хрватска на 27 октомври и ќе се состане со политичкиот врв на државата, изјави новиот руски амбасадор во Загреб, Андреј Нестеренко. – Министерот Сергеј Лавров на 27 октомври ќе се сретне со министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран […]

Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски”


Во Апелациониот суд во Скопје, денеска ќе се одржи јавна седница за случајот „Саздовски”. Предметот во овој суд е по однос на жалбите поднесени од одбраната на обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, кој во април 2019 беа осудени од Кривичниот суд Скопје, со по 19 години затвор за смртта на Никола Саздовски. На ова […]

Уште 13 основни училишта добија согласност за настава со физичко присуство


Владата на синоќешната седница го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година, соопшти владината прес-служба. Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и даде согласност […]

Продолжува да расте бројот на новозаразени од Ковид-19, најзастапена групата од 30-39 години


Бројот на новозаразени од Ковид-19, продолжува да расте. Последната дневна статистика што ја објави вчера Министерството за здравство покажуват дека скоро 20 проценти од тестираните пациенти се позитивни на корона вирусот, односно од 2.441 направен тест се регистрирани  445 нови случаи. Во Институтот за јавно здравје се регистрирани 194 оздравени пациенти, а во болнички услови […]

Претпладне сончево, попладне дожд


Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, каде локално ќе наврнат над 30л/м2. Ќе дува умерен до засилен […]

Макрон објави полициски час во Париз и осум други градови


Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека се воведува полициски час за време на кој сите мора да бидат дома од 21 до 6 часот за регионот Париз, како и градовите Руан, Лил, Сент Етјен, Лион, Гренобл, Монпелје, Марсеј и Тулуз. Полицискиот час ќе започне во сабота и ќе трае четири недели, рече тој. Обраќајќи […]

ЦДЦ: Вакцината против Ковид-19 на почеток не треба да им се препорачува на децата


САД – Вакцината против Ковид-19, кога ќе стане достапна, на самиот почеток не треба да им се препорачува на децата бидејќи во сегашната фаза на истражување таа не е тестирана врз деца, е ставот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Децата ретко развиваат симптоми на вирусот, а ЦДЦ наведува дека вакцината досега […]

Порше, Луј Витон и Гучи се највредни луксузни брендови, пет француски се во топ-10


Англија– 50-те највредни светски луксузни и премиум компании се очекува да изгубат вредност од над 20 милијарди американски долари како резултат на пандемијата, се вели во извештајот објавен од консултантот за проценка на брендот, Бренд финансис. Фирмата со седиште во Лондон го оцени влијанието на Ковид-19 врз основа на ефектот на избувнувањето врз вредноста на […]

Мијалкови позитивни на Ковид-19


Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19, потврди за Плусинфо неговиот бранител Љупчо Шврговски. Шврговски вели дека на Мијалков усно му било кажано дека е позитивен и дека допрва го чека решението. Адвокатот се слушнал со Мијалков и вели дека тој засега се чувствува добро и дека анализите на крвта му биле добри. […]