Повеќе од 54 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19

Најмалку 1.319.561 човек до денеска почина од последици од новиот коронавирус во светот, а над 54.493.680 лица се заразени, а оздравеле најмалку 34.839.400 лица.

Но, експертите предупредуваат дека бројот на инфицирани луѓе не ја претставува правата слика на пандемијата, бидејќи во некои земји се тестираат само тешко болните, во некои држави тестирањето се користи за следење на вирусот, додека голем број сиромашни земји имаат ограничени капацитети за тестирање.

Вчера ширум светот регистирани се 6.225 жртви, а новозаразени биле 498.768 луѓе. Италија со 546 нови жртви е најпогодена земја, а потоа следат САД со 540 и Иран со 486 починати.

Најпогодени од пандемијата се САД, каде вкупно се регистрирани 11.038.312 заразени и 246.224 починати. На второ место е Бразил со 5.863.093 инфицирани и 165.798 починати, потоа следи Индија, каде има 8.845.127 заразени и 130.070 починати, следат Мексико со 1.006.522 заразени и 98.542 починати, додека во Велика Британија инфицирани се 1.369.318 луѓе,од кои 51.934 починале од последици од новииот коронавирус.

Во Јужна Америка и Крибите заразени се 12.063.212 луѓе,од кои 424.105 починале, додека во Европа има 14.659.092 заразени и 337.845 починати, во САД и Канада региситрирани се 11.332.711 заразени луѓе и 257.159 починати. Во Азија пријавени се 11.491.699 инфицирани лица и 182.484 починати, на Блиски Исток заразени се 2.938.977 луѓе и 69.667 починати, во Африка заразени се 1.977.963 луѓе и 47.360 починати, додека во Океанија има 30.027 заразени и 941 починати.